Со „Избрани дела“ од Такит, се зголеми фондот книги преведени од латински на македонски

November 28, 2024
1 min read

Од печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што се зголеми фондот на книги преведени од латински. Се работи за книгата „ИЗБРАНИ ДЕЛА“ од  Публиј Корнелиј Такит, која ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јази на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура.

„Агрикола“ или „За животот и карактерот на Агрикола“ е посмртно пофално слово напишано во чест на истакнатиот римски политичар и војсководец Агрикола од страна на неговиот зет Конелиј Такит – говорник, историограф, политичар, сенатор и угледен аристократ од периодот на принципатот и нововоспоставената монархија. Возвишувајќи ги војничките вештини и моралните доблести на Агрикола, како позадина во рамката на панегиричната слика, ненаметливо, но сепак убедливо Такит вметнува и политички мотиви и историско-етнографскиот опис на Британија, па ова возбудливо четиво се претвора во пофалба на римската чест и доблест.

„Германија“ или „За потеклото и местоположбата на Германите“ според повеќе критериуми се вклопува во етнографската книжевна традиција и претставува географско-етнолошка монографија за етногенезата, антрополошките особености и психофизичките типови на германските племиња, веродостојни описи на климата и условите за живот, но и пофалба на нивната скромност, храброст и решителност да се одбранат од освојувачките напади на римската војска. Контрапункт на овие карактеристики на Германите се негативните појави во римското општество коишто Такит ги критикува, но истовремено ги величи римската воена моќ, државничка организираност и цивилизаторска супериорност.

„Дијалогот за говорниците“, пак, низ дискусиите на познатите говорници за причините за пропаѓањето на римското говорништво го критикува принципатот како уредување што ги гуши слободите, вклучително и слободата на ораторите, па монархијата ја изедначува со тиранија, го критикува апсолутизмот на Домитијан и ги открива надежите во доаѓањето на новата власт на Трајан.

Публиј Корнелиј Такит (55/57 – 117 г.) бил римски историограф, сенатор и консул. Тој е автор е на делата Агрикола, Германија, Дијалог за говорниците, Анали и Истории

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уште колку време компаниите ќе чекаат на парите од унгарскиот заем и кој ќе стигне до нив

Следно

Гаши за уставните измени: Штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop