Уште колку време компаниите ќе чекаат на парите од унгарскиот заем и кој ќе стигне до нив

November 28, 2024
2 mins read

Откако премиерот Христијан Мицкоски обзнани дека условите за парите од унгарскиот заем наменети за бизнис секторот се договорени со банките, интересот кај компаниите се зголемил, велат некои претставници на дел од коморите.

Но нетрпението расте дотолку повеќе што Мицкоски уште пред неколку денови рече дека очекува „конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем од понеделник да бидат поделени на македонското стопанство“.

Изминува уште една недела но парите сеуште ги нема, а веројатно компаниите ќе почекаат уште некое време додека сите неопходни елементи од процедурата не легнат.

Сепак додека траеше натегањето со банките околу условите, каматата кон Унгарија за земениот кредит тече, а парите се уште не се стигнати таму каде што се наменети.

Оттаму и забелешките од страна на опозицијата дека одлуката за земање на кредитот била избрзана:

„Критериумите и начинот на кој парите ќе бидат распределени сѐ уште се непознати. Прво се зема кредит, а дури потоа се размислува под кои услови ќе се дава, го зедоа кредитот, а потоа се преговара колкава провизија ќе земат банките. Сето тоа создава нервози во јавноста и кај оние што ги очекуваат тие пари“, вели Благоја Бочварски од СДСМ.

За ВМРО ДПМНЕ навидум се е јасно од порано: „Овој кредит се разговараше цело време со оние за кои е наменет, а тоа е бизнис заедницата и стопанските комори. А критериумите веднаш штом ќе бидат договорени, ќе бидат јавно достапни“, вели Бране Петрушевски.

Но реалноста е следна. Имено банките, кои и да се, кои начелно се согласиле со условите, треба прво да ги информираат своите централи во земјите од каде се и оттаму да добијат потврда дали влегуваат во „игра“. Тоа само по себе одзема време.

Потоа, парите според закон, треба да бидат префрлени во Развојната банка на Северна Македонија, преку која ќе се трансферираат средствата од заемот.

-Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија. Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Дури потоа компаниите ќе бидат во ситуација да изготват кредитно барање со инвестициска програма / Бизнис план, со кој ќе конкурираат пред банките и тоа добро да го образложат пред одборот. Не секое барање значи дека ќе биде одобрено и дека секоја компанија ќе стигне до посакуваните пари.

Ова оттаму што и досега Развојната банка одобрувала поволни кредити за мали и средни претпријатија за трајни обртни средства. за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал со ниска камата од 1,6 % од Европска инвестициска банка во износ од 100.000.000 евра.

Потоа Кредитите од кредитната линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ). Извори на средствата за овие кредити се од Министерство за финансии на Република Северна Македонија во износ од 610.000.000 денари.

И тоа условите за Енергетска ефикасност се до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци и за Обновливи извори на енергија до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци и камата до 1,6% годишно.

Но не секој добил кредит. Опасноста е што веќе има сомнежи дека избрани фирми веќе ги знаат условите и дека се веќе подготвени за кога сè ќе биде прецизирано.

Некои шпекулации одат дотаму дека унгарски фирми се веќе во Македонија и дека ги чекаат парите од унгарскиот кредит.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова ja почна официјалната посета на Црна Гора

Следно

Со „Избрани дела“ од Такит, се зголеми фондот книги преведени од латински на македонски

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop