ВИДЕО: Се огласи фотографот кој беше турнат од Серхио Рамос: Изненадување…

February 17, 2023
1 min read

Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос нападна фотограф по мечот со Баерн во Лигата на шампионите, кој се огласи на Инстаграм по инцидентот. „Вечерно изненадување. Серхио Рамос лично ме контактираше и ми се извини за неговото однесување. Извинувањето прифатено, случајот затворен“, напиша фотографот Маркус Гилијар.

Да потсетиме, поранешниот шпански репрезентативец насилно со двете раце го оттурна фотографот кој, како што може да се види на видеото, ненамерно го вознемири. ПСЖ загуби од Баерн со 1:0 на својот стадион, „Паркот на Принцовите“.

Пред реваншот, германскиот тим е фаворит за минување. Рамос (36) го започна натпреварот од првата минута. По натпреварот и конфликтот со фотографите, тој проговори и за својата иднина. Имено, неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а тој изјави дека се уште не знае дали ќе го продолжи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Задушница

Следно

Три лица повредени во сообраќајка кај обиколница

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop