За градоначалникот на Бутел Костовски нема одмор: Љуботен и Љубанци се приклучуваат на водоводната мрежа на град Скопје

November 27, 2024
1 min read

Историскиот проект за снабдување со вода за пиење во Љуботен и Љубанци напредува со одлична динамика, што бележи важен чекор за подобрување на животот на жителите од овие населени места.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски информираше дека денеска на една од седниците на Град Скопје била одобрена одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу општина Бутел и Град Скопје. Со оваа одлука, поддржана со мнозинство гласови, се гарантира поврзување на водоводната мрежа на град Скопје со новата водоводна мрежа за Љуботен и Љубанци.

„Историскиот проект за вода во Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика! Денеска на седница на Град Скопје со мнозинство гласови ЗА, се усвои одлука за воспоставување на меѓу општинска соработка помеѓу Општина Бутел и Град Скопје. Станува збор за одлука со која се гарантира приклучок на градскиот водовод со ново предвидената водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен. Првата фаза од овој историски проект ќе биде финансирана од страна на амбасадата на САД, во вредност од 800.000 долари. Останатите две фази од проектот ќе бидат финансирани од страна на владата на Р. Македонија и Општина Бутел. Проектната документација беше изработена од страна на Општина Бутел во вредност од 5 милиони денари“, напиша градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својата официјална Фејсбук страница.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, ја истакна важноста на овој проект, кој се заложи за еднаков развој во сите делови на општината што ја води.

„Ова е само почеток. Приоритет ни е развојот на руралните средини, бидејќи сите граѓани заслужуваат еднакви услови за живот и модерна инфраструктура“, напиша понатаму Костовски.

Според Костовски, овој историски проект не само што решава долгорочен проблем со снабдувањето со вода за пиење, туку ја зајакнува соработката меѓу институциите и носи долгорочни придобивки за жителите на Љуботен и Љубанци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сочувство од БПЦ за смртта на владиката Тимотеј, преполно со политизирање и понижување: Скандалозно писмо од Бугарскиот архиепископ

Следно

Дурмиши: Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop