Божиновска: Регионалната енергетска соработка е клучна за стабилноста на Југоисточна Европа

September 3, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на шестото издание на „Thessaloniki Metropolitan Summit“, во организација на „The Economist“, каде во фокусот се клучните предизвици и можности за економскиот развој на Југоисточна Европа.

Божиновска истакна дека самитот претставува значајна платформа за размена на идеи и дијалог меѓу регионалните лидери и меѓународните експерти, со цел зајакнување на регионалната соработка и креирање заеднички стратегии за идниот развој на регионот.

Годинашното издание на самитот е посветено на теми од особено значење за економската и енергетската стабилност, меѓу кои енергетската безбедност, прекуграничната инфраструктура и стратегиите за европски раст.

Настанот беше отворен со дискусија за надминување на структурните слабости со кои се соочува Европа, вклучително и предизвиците поврзани со продуктивноста и демографските промени. Меѓу високите гости беа претседателот на Еврогрупата, Киријакос Пиеракакис, и професорот од Универзитетот Оксфорд, Питер Франкопан.

Божиновска учествуваше и на работната вечера, заедно со поранешниот министер за ЕУ на Туркије, Егемен Багиш, извршниот директор на Enaon, Џанфранко Аморозо, поранешниот министер за надворешни работи на Израел, Шломо Бен Ами, Виорел Белтеки од THERME MEP, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Константинос Ѓулекас, Динос Бенруби од METKA ATE, уредникот во „The Economist“, Аласдер Рос, заменик-министерот за обнова и инфраструктура на Украина, Артем Рибченко, и министерката за енергетика на Бугарија, Ива Петрова.

Во рамки на претстојните панел-дискусии, Божиновска најави дека ќе ја презентира визијата за енергетската транзиција, одржливиот развој и обезбедувањето сигурно снабдување со енергија.

„Регионалното поврзување и зелениот преод се наш врвен приоритет за градење стабилна економија и подобра иднина за сите наши граѓани“, порача Божиновска.

Според министерката, токму зајакнувањето на регионалната енергетска соработка и развојот на прекуграничната инфраструктура се меѓу клучните предуслови за поголема стабилност, економски раст и долгорочна енергетска сигурност во Југоисточна Европа.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

Следно

Се формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop