НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

November 26, 2024
1 min read

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните македонски драмски автори Горан Стефановски, односно драмската предлошка е составена од култни драмски сцени кои тематски се поврзуваат и надополнуваат. Преку овој омаж тимот сака да отвори важни општествени прашања и низа приказни кои произлегуваат од нашата заедница.

Витошевиќ вели дека низ постдрамски пристап ќе даде свое видување на творештвото на авторот, преку сегменти сплотени и ресоздадени во една фрагментарна структура.

„Драматизацијата на Ана Ристоска-Трпеноска претставува патување низ драмите на Стефановски во кое преку добро препознатливи сцени и реплики ќе се отворат прашања за нашата традиција, идентитетот, за миграцијата, за љубовта и загубата, за семејните конфликти, за разделбата од домот и блиските како и за примарната човечка потреба за поврзување. За суштинските работи кои нѐспојуваат како луѓе наспроти поделбите кои ги познава човештвото. Претставата ќе проба да ја продлабочи социјалната и емоционална слика на нашето секојдневие кое Стефановски го претставил на едноставен, но впечатлив начин.
Драмите на Горан до ден денес пленат со нивната актуелност и универзалност и отвараат простор за општествена дебата. Од овие причини тие се секогаш интригантни за реобмислување и поставување“, вели Витошевиќ.

Театарскиот проект „Замисли нов свет“ е инициран од Телеком, во рамки на иницијативата #НаправиМесто со која се адресираат предизвиците со кои се соочуваме како општество и се повикува за нивно надминување.

Играат Игор Ангелов, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Музиката е  на композиторот Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.

Претпремиерата и премиерата на „Замисли нов свет” се закажани за 16 и 17 декември, а претставата понатаму ќе биде дел од репертоарот на МНТ.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

Следно

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Latest from Blog

ЕФ бара од обвинителството постапка против власта – од ВРЕДИ вратија, ДУИ е таа која ја прифати методологијата на пописот

Европскиот фронт ќе поднесе барање до Обвинителството да покрене постапка за актуелната власта затоа што во изминатата година при финансирање на општините не ги зела во предвид и граѓаните кои живеат надвор

Цените растат, народот купува: статистиката открива парадокс во потрошувачката

И покрај рекордно високите цени и инфлацијата, македонските граѓани продолжуваат да трошат сè повеќе во трговијата на мало. Последните податоци за мај годинава откриваат интересен и загрижувачки тренд: прометот во трговијата на

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожар избувна на пловен објект закотвен во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро. Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото. Веднаш

Вимблдон никогаш повеќе нема да биде ист, ова се случува за првпат по 148 години

За првпат во својата 148-годишна историја, најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон – ќе се игра без линиски судии. Нивното место го зазема технологијата. Денеска започнува ново издание на Вимблдон, турнир
Go toTop