Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

November 26, 2024
1 min read

Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова го истакна Вирџинија Елиот претставник на амбасадата на САД, која порача дека младите и младите политички лидери треба да се залагаат и да дадат предлози за подобрување на состојбите во политичките партии. 

„Мојот антикорупциски дневник“ е проект кој ги охрабрува младите да ја препознаат и да и одолеат на секојдневната корупција, и да ги следат и да размислуваат како тоа се одразува на нив и луѓето околу нив. Се надеваме дека низ овој проект ќе можеме да видиме млади луѓе повеќе ангажирани и кои се застапуваат за поголема транспарентност и одговорност од Владата“, вели Вирџинија Елиот.

Обвинителката за врски со Европравда Ленче Ристеска верува дека со промоција на етичко лидерство токму кај младите и со тоа започнување нов стандард во владеењето ќе може да се соочиме со предизвиците на корупцијата. 

„Впечатокот ми е дека досега многу се зборува за корупцијата, меѓутоа резултатите изостануваат и затоа сметаме дека со адресирање на овој проблем токму кај младите и со јакнењето на нивните капацитети за препознавање и градење на отпорност кон корупцијата дека ќе можеме како општество да имаме навистина значителни резултати во борбата против корупцијата“, порача Ленче Ристеска.

Според судијата Бетим Јахја овие обуки треба да помогнат во борбата против корупцијата која има ендемски размери во нашата држава.

„Се надевам дека со овие обуки ќе постигнеме да изградиме едно поздраво општество, општество во кое ќе владее, правото, правдата, правичноста, а корупцијата како негативна појава да се потисне што е можно повеќе“, вели Бетим Јахја.

Овој проект е поддржан од американската амбасада кое вклучува три еднодневни работилници на кои учесниците ќе развиваат вештини за препознавање и справување со корупцијата.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

Следно

Одржана конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување

Latest from Blog

Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда Славјанка Петровска да му се извини на Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, објави дека добил тужба за клевета против пратеничката и поранешна министерка Славјанка Петровска, откако Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда во негова корист. Според него,

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата

Кејн му пресуди на Фламенго

Најтрофејниот германски клуб; Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4:2 (3:1)

Трајаноски: Борбата против родовата еднаквост е дел од пропагандната војна на Русија против Западот

На панел-дискусијата „Полова ≠ Родова еднаквост: Каде згрешивме во разбирањето?“, Жарко Трајаноски, истражувач во Институтот за медиуми и аналитика ИМА, кој речиси 30 години активно работи на истражувања поврзани со родова еднаквост,

За Данска четврта титула од младинските ракометни Мундијали

Младинската репрезентација на Данска се закити со титулата на Светското првенство за ракометари до 21 година, надигрувајќи ја во големото финале селекцијата на Португалија со конечни 29-26. Данците одиграа перфектен турнир и
Go toTop