Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп

November 26, 2024
1 min read

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.

„Претседателот вети дека ќе присуствува на инаугурацијата на кој и да победи на изборите“, рече Бејтс.

Тој изјави дека Џозеф и Џил Бајден ќе го исполнат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата.

Трамп и Бајден се сретнаа во Белата куќа на 13 ноември, откако американскиот претседател во заминување рече дека ќе дозволи непречена транзиција на власта.

Традиционалната средба меѓу заминувачкиот и новоизбраниот претседател не се одржа по изборите во 2020 година, кога Трамп по поразот изјави дека изборите биле украдени во корист на Бајден и на демократите. Потоа го напушти Вашингтон и не присуствуваше на инаугурацијата на Бајден.

Така, тој стана првиот претседател што го сторил тоа по Ендрју Џексон, кој ја избегнал инаугурацијата на Јулисис Грант во 1869 година.

Пред осум години, по победата на изборите во 2016 година, Трамп имаше деведесетминутна средба во Овалната соба со тогашниот претседател во заминување Барак Обама.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Без вода дел од корисниците во општина Карпош

Следно

Какво ќе биде времето денес?

Latest from Blog

Митева: 200 проценти поголем буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација во 2025-та година

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200 проценти, споредено со претходните години – од 154 милиони денари во 2023,

Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Државата Израел

Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   — Оваа активност која денес ја спроведуваме
Go toTop