Порошенко: Третата светска војна веќе почна

November 25, 2024
1 min read

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека иако украинските партнери стравуваат дека војната против неговата земја може да прерасне во трета светска војна, тие треба да се разбудат бидејќи, како што наведе, третата светска војна веќе почна, порача Порошенко во интервју за „Тајмс оф Малта“. 

– Имаме севернокорејски војници на територијата на Украина. Имаме беспилотни летала од Иран, кои удираат непосредно пред мојата куќа. Имаме севернокорејски ракети, кои ја напаѓаат енергетската инфраструктура во Киев и артилериски гранати доставени до Русија од Северна Кореја и Иран“. Петро Порошенко поранешен претседател на Украина.

Во исто време руската армија регрутирала стотици јеменски платеници за учество во војната против Украина, објави „Фајненшл тајмс“.

Јеменците за весникот изјавиле дека им било ветено добро платено работно место па и руско државјанство. Но, откако пристигнале во Русија преку компанија поврзана со хуситското движење, тие биле принудно вклучени во составот на руските вооружени сили и испратени на првата линија на фронтот.

Сенаторот од Јужна Дакота, Мајк Раундс, кој е од редовите на Републиканската партија, ги отфрли повиците за мировен договор меѓу Русија и Украина, тврдејќи дека на рускиот претседател Владимир Путин не може да му се верува. Се залажуваме ако мислиме дека може да преговараме со тиранин. Верувате ли дека ќе запре ако му понудите дел од слободна земја? – рече Раундс на безбедносниот форум во Халифакс. Неговите ставови се во спротивност со новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, кој тврди дека би можел да го реши конфликтот за еден ден.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нов закон за спречување на семејното насилство

Следно

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Latest from Blog

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото
Go toTop