Нов закон за спречување на семејното насилство

November 25, 2024
1 min read

Додека не сме подготвени да издвоиме пари за имплементирање на стратегиите за спречување насилство врз жени и семејно насилство, да не се лажеме дека превземаме нешто.

Направивме нов закон за спречување и заштита од семејно насилство, но не предвидовме колку пари ќе нé чини неговата имплементација, велат од невладиниот сектор на собраниската седница за еднакви можности помеѓу жените и мажите. 

Недонесувањето на законот за родова еднаквост нé уназади во Европскиот извештај за родова еднаквост во Македонија. Исто така, иако веќе три години откако е усвоен законот за спречување и заштита од семејно насилство и насилство врз жени, во поглед на имплементацијата сеуште немаме позначајни резултати, велат од невладиниот сектор.

Дополнително, се повеќе ни растат облиците на технолошки овозможено насилство, и веќе треба да правиме нови промени во кривичниот законик кои ќе го адресираат и овој вид на насилство особено врз децата, препорачуваат од UNDP. 

Денеска започна глобалната кампања “16 дена активизам против насилство врз жени и девојки„. Во Македонија беше потпишана декларација преку која ќе се развиваат иницијативи за заедничко дејствување во борбата против насилството врз жени и девојки во училишта, клубови како и широка мрежа на организации и институции.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

Следно

Порошенко: Третата светска војна веќе почна

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop