Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

November 25, 2024
1 min read

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ.

Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓаните.

„Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција“, рече Каранфилова-Пановска.

При тоа, потенцираше дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.

„СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата. Со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија“порача новата Заменичка-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Силно светнал ден

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Камен темелник на нова градинка во Кисела Вода

Latest from Blog

Кирил Петков поднесе оставка

Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка. Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски

Муртезани: Европските средства не се под закана

Брисел и Софија имаат различни погледи на евроинтегративниот процес на Македонија – се додека Бугарија гледа низ билатерална диоптрија, ќе има блокада. Ова го изјави министерот Муртезани, на само неколку часа пред

Сертификати за 1.500 учесници за „Читањето на Сахих ал-Бухари“ што ги собраа хадиските научници во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на програмата „Читање хадиси од Сахих ал-Бухари“ што траеше 13 дена во Истанбул, на 1.500 учесници им беа доделени сертификати, јавува Анадолу. Настанот, организиран под раководство на

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со

Македонското културно лето во Албанија го отвора Народниот театар од Битола

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по
Go toTop