Министерот Бајрактар: Големото меѓународно присуство на Истанбулскиот енергетски форум показател за довербата во Туркије

November 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, ​​го пофали силниот одѕив на меѓународни учесници на Истанбулскиот енергетски форум, истакнувајќи ја клучната улога на Туркије и довербата на глобалната заедница во земјата, јавува Анадолу.

„Ова беше важно и во смисла на покажувањето на позицијата на Туркије како централна земја и како показател за довербата во нашата земја“, рече Бајрактар ​​за Анадолу на маргините на еднодневниот форум организиран од Анадолу под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси.

„Земјите од многу региони, од Централна Азија до Русија, од Блискиот Исток до Северна Африка, од Балканот до Централна Европа беа претставени овде на министерско ниво“, додаде тој.

Истакнувајќи го глобалниот интерес на форумот, Бајрактар ​​предложи тој да се преименува во „Меѓународен истанбулски енергетски форум“ за точно да го одрази неговиот меѓународен карактер.

„Веќе имаме реализирано многу билатерални и мултилатерални проекти заедно. Влегуваме во период на значајни можности за иднината“, додаде турскиот министер.

Нагласувајќи ја целта на Туркије да го зголеми инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија на 120 гигавати до 2035 година, Бајрактар ​​рече: „Туркије ќе ја зајакне енергетската безбедност на Европа не само преку природниот гас, туку и преку обезбедување зелена енергија“.

Меѓу истакнатите претставници кои присуствуваа на Истанбулскиот енергетски форум беа министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, бугарскиот министер за енергетика, Владимир Малинов, грузискиот прв вицепремиер и министер за економија и одржлив развој, Леван Давиташвили, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, министерот за енергетика на Молдавија, Виктор Парликов, либискиот министер за нафта гас Калифа Раџаб Абдулсадек, министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и министерот за енергетика на Узбекистан, Јурабек Мирзамахмудов.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Џенерал Моторс“ од 2026 влегува во Ф1 шампионатот

Следно

Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја прикажува оставката како жртва, но станува збор за личен политички потег

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската
Go toTop