Хусите тврдат дека погодиле воена база во јужен Израел со хиперсонична балистичка ракета

November 22, 2024
1 min read

САНА (АА) – Проиранската група Хуси во Јемен објави дека ја нападнале воздухопловната база Неватим на југот на Израел со „хиперсонична балистичка ракета“, известува Анадолу.

Јахја Сари, воен портпарол на Хусите, го потврди нападот во видеото објавено на неговиот профил на социјалните мрежи.

Тој истакна дека со хиперсонична балистичка ракета „Палестина 2“ извршиле воена операција врз воздухопловната база Неватим во регионот Негев, на југот на Израел.

Портпаролот Сари изјави дека балистичката ракета директно ја погодила целта.

Тој додаде дека нападите на Хусите врз Израел ќе продолжат сѐ додека не се укине блокадата на Појасот Газа и не завршат израелските напади во Газа и во Либан.

Во знак на солидарност со Појасот Газа, кој се соочува со разорни израелски бомбардирања и гранатирања, Хусите ги гаѓаат со проектили и со беспилотни летала ги напаѓаат израелските товарни бродови во Црвеното Море или оние кои се поврзани со Тел Авив и вршат напади врз Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прекин во електричната енергија: Невреме со обилен дожд, силен ветер и електрични празнења го зафати Дебарско

Следно

Роналдо со гол бр. 911, Ал Наср шокиран дома (ВИДЕО)

Latest from Blog

УБИЕН ВТОРИОТ ЧОВЕК НА Исламска држава, соопшти Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.
Go toTop