Туркије: Продолжува лекувањето на 1.374 повредени лица донесени во Истанбул од подрачјето на земјотресот

February 17, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во болниците во Истанбул од подрачјата погодени од земјотресот се донесени 8.555 лица, а се продолжува лекувањето за 1.374, јавува Анадолу.

Од болниците се отпуштени 7.181 лице.

Повредените лица се донесени во Истанбул со авиони на Турските вооружени сили и Министерството за здравство. Повредените со возила на Брза помош од аеродромот се пренесени во државните, приватните и универзитетските болници во градот.

Најмалку 38.044 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 области, каде што живеат над 13 милиони луѓе.

Земјотреси го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа над 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ИНТЕГРАЛНО) Правното резиме на одлуката од Стразбур: Зошто Судот смета дека жалбите се недопуштени

Следно

В недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Latest from Blog

Ретроспективна изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗАБРАНИ ГОЛОТИЈА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал е можеби најстрого контролираниот црвен тепих во светот. Сега, фестивалот додаде нова одредба: без голотија. Иако голотијата никогаш претходно не беше одобрена на фестивалот, Кан ја

СДСМ: Мицкоски ја води државата во провалија затоа Таравари ја напушти Владата

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата

Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“. Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен
Go toTop