Истанбулскиот енергетски форум утре на едно место ќе ги собере глобалните лидери од енергетскиот сектор

November 21, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Утре во Истанбул започнува Истанбулскиот енергетски форум, организиран од Анадолу под покровителство на турското Министерство за енергетика и природни ресурси, со главна тема „Заедничка иднина, заеднички цели“, јавува Анадолу.

Еднодневниот форум, кој ќе се одржи во Конгресниот центар во Истанбул утре (22 ноември), ќе се осврне на теми како што се целите на регионалниот енергетски сектор, улогата на Туркије во осигурувањето на безбедноста на снабдувањето со природен гас, финансирањето на енергетската транзиција и регионалните и меѓународните агенди од полето на енергијата.

На едно место форумот ќе собере министри за енергетика, претставници од локални и меѓународни невладини организации, глобални организации, академската фела, медиумски професионалци и бизнис-лидери од целиот свет на разговори за итни прашања од енергетскиот сектор.

Главни говори ќе одржат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар, директорот за комуникации Фахретин Алтун и претседателот и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз.

На панел-дискусијата на високо ниво, модерирана од турскиот министер Бајрактар, ќе учествуваат министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, бугарскиот министер за енергетика Владимир Малинов, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, министерот за енергетика на Молдавија, Виктор Парликов, либискиот министер за нафта и гас Калифа Раџаб Абдулсадек, министерката за енергетика и рудници на Србија, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ, и министерот за енергетика на Узбекистан, Јурабек Мирзамахмудов.

Форумот ќе продолжи со сесија чиј домаќин ќе биде Турската нафтена корпорација (БОТАШ) на тема „Нова динамика на безбедноста на гасот: регионални перспективи“.

Форумот ќе заврши со сесија за признание и преглед што ќе ја одржи Анадолу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 88 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напада врз северниот дел на Газа

Следно

Унгарија ќе инсталира ПВО систем на границата со Украина

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop