Турскиот министер за здравство, Мемишоглу: Ја разбивме криминалната група одговорна за смртта на новороденчињата

November 20, 2024
3 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, денес изјави дека заедно со единиците за спроведување на законот и правосудните органи ја разбиле криминалната организација позната како „Yenidogan cetesi“, која се товари за убиства на новороденчиња во Истанбул, јавува Анадолу.

Мемишоглу одговараше на прашања на пратениците пред Комисијата за планирање и буџет за време на расправата за буџетот на Министерството за 2025 година. Една од главните теми на расправата беше криминалната организација наречена „Yenidogan cetesi“, осомничена за убиства на новороденчиња во Истанбул.

Станува збор за криминална организација против која минатиот месец беше покрената судска постапка пред 22. Висок кривичен суд во Бакиркој, Истанбул. Процесот е покренат против вкупно 47 лица, од кои 22 се во притвор, меѓу кои и водачот на криминалната група Фират Сари. Тие се товарат дека ги упатувале бебињата на пациентите на одделенијата за неонатологија (оддели за новороденчиња) на приватните болници со кои претходно се договориле, предизвикувајќи така нивна смрт, а од друга страна остварувале незаконски профит.

Мемишоглу, на почетокот на своето обраќање истакна дека во целиот овој процес биле изнесени многу лаги и клевети.

„Ќе одговорам на сите лаги и клевети за процесот познат во јавноста како ‘Yenidogan cetesi’, а кој го нарекуваме ‘банда на оние кои немаат човечност’. Со сета искреност ќе ги споделам сите информации со нашиот народ“, рече Мемишоглу.

Потсетувајќи дека обласните инспекциски одбори детално ги истражиле сите смртни случаи на бебињата до една година од 2009 година до денес, причините за смртта, ги презеле потребните мерки и посебно го испитувале секој смртен случај, тој подвлече дека инспекциските контроли во приватните здравствени установи редовно се вршат од страна на стручни тимови.

„Нашите инспекциски тимови само во 2024 година извршија вкупно 54.885 контроли на приватни здравствени установи, од кои околу 46.000 се редовни, 6.000 вонредни и 3.000 застарени. Како резултат на овие инспекции, поднесени се суспендирања на активности, административни парични казни и кривични пријави врз основа на непочитување на правилата“, рече Мемишоглу.

Истакнувајќи дека овој систем на контрола се спроведува прецизно и дека сите системи на инспекција и контрола се дизајнирани земајќи ги предвид неправилностите или контрадикторностите кои можат да се предвидат во вообичаениот тек на животот, Мемишоглу рече дека понекогаш се случуваат работи кои не е возможно ниту да се замислат.

„Во оваа ‘банда на оние кои немаат човечност’ се случува убивачки инцидент кој е тешко да се замисли во обичните текови на животот. Во случаи кога тоа е тешко да се докаже, како во постапките на оваа одвратна организација, потребно е да се прибегне кон посебни методи, покрај вообичаените ревизиски процедури. Ја разбивме работејќи во целосна координација со нашата дирекција за здравство, единиците за спроведување на законот и правосудните органи. Веројатно имаше и такви кои тоа ги вознемири и тргнаа во немилосрден напад врз нас“, рече Мемишоглу и продолжи:

„Како што за жал посведочивме овде, некои групи ги оставија настрана бесрамниците, крадците и убијците, не им беше срам да ги клеветат оние кои се трудеа да ја откријат оваа работа. Што и да кажат, нема да се откажеме од она што знаеме дека е правилно, ќе продолжиме да ги правиме вистинските работи“.

Одговарајќи на наводите дека „Министерството за здравство останало набљудувач на смртта на новороденчињата“, Мемишоглу нагласи дека лекарот кој не ја компромитира својата професионална етика и совест не може да остане набљудувач на смртта.

„Како што може да има луѓе кои ги прекршуваат професионалните правила, моралните и совесните вредности или дури и се занимаваат со криминал во другите професии, за жал, такви лоши примери може да се појават и меѓу нашите здравствени работници, но многу малку. Врз основа на ова, голема е неправдата под сомнеж да се најдат 220.000 наши колеги, па дури и 1,5 милиони здравствени работници. Наша должност е да ги најдеме оние кои грешат, оние кои заскитуваат по нелегалните патишта и оние кои вршат кривични дела, да им ги дадеме заслужените казни и да ги отстраниме од системот“, рече Мемишоглу.

Освен тоа, турскиот министер наведе дека тие самите контактирале со Полициската управа на Истанбул, сметајќи дека класичните ревизорски процедури нема да бидат доволни.

„Со нашиот допис од 5 мај 2023 година покрената е судска истрага. Во рамките на истрагата што ја спроведе Главното јавно обвинителство на Истанбул, беше спроведена ефикасна истрага од страна на единиците за спроведување на законот, вклучувајќи технички и физички надзор“, додаде тој.

Во обвинението се наведува дека главната цел на криминалната организација била да го елиминира системот за упатување на 112 единиците на интензивна нега на новороденчињата, кои ги презеле за да си осигураат пополнетост, да манипулираат со бројот на пациенти и да примаат големи исплати од Заводот за здравствено осигурување.

Обвинетите ја прикажувале состојбата на болните бебиња како посериозна отколку што била, обезбедувале бебињата да бидат хоспитализирани подолго од потребното, а на тој начин биле наплатувани високи суми од социјалното осигурување и од семејствата на некои од пациентите земани големи суми пари.

Во обвинението се наведува дека пациентите бебиња биле примани во болниците кои обвинетите ги бирале, а кои се чинеле попрофитабилни за организацијата, наместо да бидат упатувани во болници кои би им ја пружиле соодветната здравствена заштита, и дека најголемиот дел од профитот бил делен со обвинетите, кои биле членови на организацијата и здравствени работници.

Во обвинението се наведува дека главната цел на криминалната организација не била подобрување на здравјето на бебињата, туку остварување голем финансиски профит.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разорните поплави во Шпанија го чинат финансискиот сектор над 20 милијарди долари

Следно

Гимназијата „Никола Карев” прво пет-френдли училиште

Latest from Blog

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска, доајенот на македонското спикерство. Поседуваше фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни зелени очи, совршена дикција, шарм, ненаметливост, интелект и стил. Со децении владееше на тв екраните, особено

Лиценците во градинките нема да бидат двојазични

Парламентарното мнозинство на денешната 31. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, кој повторно се најде пред пратениците. Пред крајот на минатата година претседателката Гордана Сиљановска Давкова
Go toTop