Зибери го критикуваше недостатокот на инспектори за животна средина во општините

November 20, 2024
1 min read

До канцеларијата на Народниот правобранител стигнале 20 претставки за загадениот воздух, како дел од вкупно четириесетина жалби за животната средина до октомври. Половина од нив се однесуваат на квалитетот на воздухот, додека останатите се за други еколошки проблеми.

Ова го соопшти народниот правобранител Насер Зибери, кој го отвори Меѓународниот форум за „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“, организиран во рамките на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка и спроведуван во соработка со УНДП.

Зибери нагласи дека загадувањето има трајни последици на здравјето и животната средина, поврзувајќи го со зголемената смртност и зачестените природни катастрофи како поплави и урагани. Тој истакна дека најголемите загадувачи во светот не го потпишале договорот за климатски промени.

„Скопје, Тетово, Струмица и Кочани се меѓу најзагадените градови во светот“, рече Зибери, потсетувајќи на истражувањето на УНИЦЕФ кое покажува дека секое десетто новородено дете во земјата умира како последица на загадената животна средина.

Народниот правобранител го критикуваше недостатокот на инспектори за животна средина во општините и повика на усвојување на нов закон за заштита на животната средина, бидејќи актуелниот закон од 2006 година не е прилагоден на современите еколошки предизвици.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека државата се фокусира на решавањето на причините за загадувањето преку проекти за гасификација и намалување на зависноста од јаглен. Ова ќе биде долгорочно решение за намалување на загадувањето во урбаните средини.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините

Следно

НА ИЗЛОЖБАТА „ЌЕ МЕ (С)НЕМА“ ФОТОГРАФКАТА КЕТИ ТАЛЕВСКА-БАКРЕВСКА ГО ПРИКАЖА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop