Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

November 20, 2024
1 min read

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин, се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан.

Фокусот на панелот беше да се разменат мислења за примената на нови технологии во јавниот и приватниот сектор, ризиците од сајбер-напади, како и можностите за примена на најдобрите практики за подобрување на процесите на управување и давање на услуги кон граѓаните.

Во своето обраќање, Андоновски истакна дека граѓаните мораат да бидат во срцето на процесот на дигитална трансформација.

„Дигитализацијата е главниот двигател за иновации, конкурентност и раст во сите сектори. Отвора нови можности, помагајќи им на граѓаните и компаниите да го добијат најдоброто од меѓусебно поврзаниот свет“, изјави Андоновски.

Дополнително, во своето обраќање ја потенцираше важноста на партнерството со ЕУ, но и со останатите меѓународни партнери за зајакнување на сајбер-безбедноста и примената на иновативни технологии што пак ќе создадат поефикасни и транспарентни институции.

„Државите од Западниот Балкан се наоѓаат во критичен момент, каде што нашата дигитална иднина се вкрстува со европската интеграција. Се наоѓаме во клучен момент во историјата, каде што технолошкиот напредок не се само поединечни промени во поединечни држави, туку сите овие процеси се катализатори за промена на парадигмата во тоа како го замислуваме и комуницираме со светот околу нас.“, дополни Андоновски

Дигиталниот самит во Талин се смета за еден од најзначајните настани за дигитализација во Европа. Се одржува секоја година и привлекува околу 600 гости од над 60 земји, вклучувајќи претставници од Европскиот парламент, ЕНИСА, Светската банка, НАТО, ОН и водечки технолошки компании. Самитот опфаќа клучни теми поврзани со дигитализацијата, иновациите и сајбер-безбедноста.

Оваа година, настанот вклучува 40 панел дискусии и сесии за размена на идеи и искуства кои ќе го обликуваат дигиталниот развој на иднината.

Министерот Андоновски за време на престојот во Талин, се сретна и со Премиерот на Естонија, со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, министерката на Украина Ионан и со високи претставници на Академијата за е-управување на Естонија и Центарот за компетенции за сајбер безбедност во рамките на оваа реномирана Академија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сведокот Ерол Османи: „Палчо пристигна со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата“

Следно

Кина повика на воздржаност меѓу Русија и Украина

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop