Кремљ: Напад од ненуклеарна држава со нуклеарна поддршка може да ја наведе Русија да употреби нуклеарно оружје

November 19, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека украинската употреба на ракети од Западот може да се смета за напад од ненуклеарна држава со нуклеарна поддршка, што потенцијално ја оправдува руската употреба на нуклеарно оружје, јавува Анадолу.

„Да, доктрината го дозволува тоа“, рече Песков на брифингот со новинарите во Москва, коментирајќи ја ажурираната нуклеарна доктрина, со која се проширени околностите под кои Русија може да користи нуклеарно оружје, потпишана ден од рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот потоа го насочи вниманието на дел од доктрината, во која се вели дека секоја агресија врз Русија од страна на ненуклеарна држава поддржана од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.

Во врска со времето на објавување на доктрината, Песков појасни дека одлуката е однапред донесена: „Претседателот веќе изјави дека подготовката на овие измени е при крај“.

Опишувајќи ја ажурираната доктрина како „исклучително важна“, Песков ја нагласи нејзината цел во зајакнувањето на нуклеарното одвраќање.

„Таа има за цел да осигури дека потенцијалниот противник ја разбира неизбежноста од одмазда во случај на агресија против Русија или нејзините сојузници“, нагласи тој.

Во исто време, портпаролот повтори дека Русија отсекогаш го сметала нуклеарното оружје како средство за одвраќање, што треба да се користи само како последно средство.

Осврнувајќи се на американско-руските односи, Песков ја отфрли можноста за укинување на санкциите за сенаторот од Флорида Марко Рубио, номиниран од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за државен секретар, како чин на добра волја.

„(Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј) Лавров е исто така под санкции“, посочи Песков, нагласувајќи дека таквите работи мора да бидат реципрочни.

Рубио се соочува со санкции од Русија од мај 2022 година и од Кина од август 2020 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници…

Следно

Сан Марино пишува историја, но може да дојде и до – мундијалски бараж!

Latest from Blog

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно

Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

БАГДАД / АНКАРА (АА) – Висок функционер на Арапската лига денес потврди дека меѓународната Kонференција за решение со две држави за Палестина ќе се одржи во јуни под заедничко претседателство на Саудиска

Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

Додека премирот Христијан Мицкоски се фали дека постигнал договофр за стратешо парнтерство со Велика Британија, британскиот весник „Дејли Мејл“, објави дека е можно на македонска територија да „никне“ камп за мигранти. Мицкоски
Go toTop