Преглед на денот: Стразбур не ги сруши предметите на СЈО

February 16, 2023
2 mins read

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ќе ја објави одлуката – дали ќе паднат предметите на СЈО?

Во исчекување на одговорот на ова прашање започна денешниот ден откако Стразбур најави дека на 16 февруари ќе ја објави одлуката за апликациите на обвинетите и осудените во предметите од СЈО кои се жалеа повикувајќи се на аболицијата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

ЕСЧП / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Дилемата се разјасни во 10 часот кога на официјалната веб-страница осамна одлуката.

Стразбур во неа наведе дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите на СЈО се недопуштени. Тие, посочи ЕСЧП, не ги исцрпиле до крај сите домашни правни лекови.

Во одлуката и во правното резиме, судот не се впушти во толкување на тоа дали помилувањата од Иванов, како и нивните повлекувања потоа, се правно издржани или не. Една од главните пораки од одлуката е дека на националниот судски систем во Северна Македонија треба да му се даде шанса да решава за вакви жалби и да ги исправи сите евентуални прекршувања на Европската конвенција за човекови права.

Одлуката на ЕСЧП се однесува на шест апликации од 2017 и 2018 година поднесени од осум поранешни функционери: поранешниот премиер Никола Груевски; ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески; поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков; шефот на кабинетот на Мијалков – Тони Јакимовски и ексградоначалниците на Гази Баба (Северна Македонија) Битола (Северна Македонија и Пустец [Албанија]), Тони Трајковски, Владимир Талески и Едмонд Темелко.

Нивниот застапник пред Стразбур, адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на ексминистерката Јанкулоска, во првичната реакција рече дека за него е несфатливо зошто судот чекал повеќе од пет години за да одлучи дека апликацијата е преуранета. За тоа дали повторно ќе поднесат апликации откако ќе ги исцрпат сите правни лекови пред македонските судови, пак, Илиевски вели дека е можно, но дотогаш ќе треба да помине многу време.

Поранешната судијка во ЕСЧП, Мирјана Лазарова-Трајковска, пак, во првичниот став што го изнесе за одлуката на Стразбур, рече дека судот не ги отфрлил жалбите во рана фаза од постапката поради комплексноста во предметот.

„Во конкретниот случај, иако жалбата по оцена на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во формација од комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии поради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите, но и за националните власти“,

рече Лазарова-Трајковска.

Меѓу првите со реакција се јави претседателот Стево Пендаровски кој со својот советнички тим ја разгледал одлуката и упати слична порака како и Стразбур – сите засегнати странки во судските постапки своите права треба да си ги остваруваат пред домашните институции.

Еуфорија преовладуваше во владиното соопштение. Од Илинденска бр. 2 ја поздравија одлуката и потенцираа дека аргументите што ги изнеле пред ЕСЧП биле целосно уважени.

„Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП). Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа пригода да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат. Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети“,

истакнаа од Владата додавајќи дека нема да даваат дополнителни коментари.

Победи правдата, обидот на ВМРО-ДПМНЕ за ништење на правната држава пропадна, порачаа и од најголемата партија во владината коалиција, СДСМ.

И новиот владин партнер, Алијанса за Албанците, ја поздрави одлуката велејќи дека ова е голема победа за надежта за правда во нашата земја, како и дека уште повеќе се јакне определбата во битката против криминалот и неправдата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, ѝ порачаа на власта дека наместо да слави и да прави дефокус на јавноста треба да се загрижи бидејќи Стразбур само одлучил дека апликациите на осудените и обвинетите се преуранети, но не навлегол во нивната суштина.

И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека Северна Македонија треба да е задоволна од денешната одлука на Европскиот суд за човекови права. Според него, клучната битка што денеска е добиена е дека случаите од поранешното СЈО, односно случаите кои и во Европската комисија и нивните извештаи се споменуваат, остануваат валидни и продолжуваат да бидат предмет на судовите и обвинителствата во државата. Тоа, според Маричиќ, било примарна и клучна битка во борба за владеењето на правото и правната држава.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Прв натпревар во Турција по земјотресот, фудбалот во втор план – Трогателна порака се појави на трибините

Следно

Бајден: Нема да се извинувам за кинескиот балон, ќе го собориме секој што ќе им се заканува на САД

Latest from Blog

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбраната

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, претходно прогласен за непожелен за САД

Албанскиот специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба

Жителите Албанци на Визбегово: Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски ги одржа ветувањата што ДУИ и СДСМ со години не ги исполнуваа

Визбегово, една од најголемите населби на општина Бутел, денес е пример за посветеноста и добрата работа на градоначалникот на општината, Дарко Костовски. Жителите Албанци од оваа населба велат дека се задоволни и

„Се стеснува кругот околу Нетанјаху и неговата мрежа за масакр“

АНКАРА (АА) – Претседателот Ердоган се обрати по состанокот на владата на Туркије, известува Анадолу. Претседателот Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата во регионот рече: „Иако некои упорно го игнорираат тоа, веќе 14
Go toTop