Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници…

November 19, 2024
1 min read

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. Сметам дека јавноста треба да ги следи измените онака како што се напишани, а не онака како што некој ќе ги толкува, затоа што времето покажува дека или се прави тоа од незнаење или од други агенди кои не се поврзани со добробит на граѓаните, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години од постоењето.

Посочи дека одредени структури во јавноста реагираат за се што е поврзано со законите за градење и за урбанистичко планирање без претходно да прочитаат за што станува збор.

Како пример ги истакна измените на Законот за урбанистичко планирање кои на негов предлог беа усвоени во август годинава со кои се овозможи со олеснета процедура да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи.

-Кога се носеа измените се креваше хистерија дека којзнае што ќе се случело и каков урбанистички хаос ќе настанел во државата. Три месеци подоцна нема никаков урбанистички хаос и единствено се случи училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи да се градат во олеснета процедура. Откако се направија овие законски измени нема општина која не планира или веќе не почнува изградба на нова градинка или ново училиште, а сето она за што се креваше хистерија не се случи, потенцира Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова му соопштила на Радев: Бугарите во Уставот кога Македонија ќе влезе во ЕУ

Следно

Кремљ: Напад од ненуклеарна држава со нуклеарна поддршка може да ја наведе Русија да употреби нуклеарно оружје

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop