Во 66 града во Туркије уапсени 459 лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО

November 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Безбедносните сили на Туркије приведоа најмалку 459 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за пуч во земјата во јули 2016 година, потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.

Јерликаја на социјалните мрежи објави дека турските полициски екипи спроведуваат операција „Стегач-30“ во 66 турски града, меѓу кои Анкара, Истанбул и Измир.

Наведувајќи дека при претресот се приведени 459 лица, Јерликаја напомена дека е откриено оти осомничените биле сместени во ќелии наречени „куќи за отсуство“ и им припаѓале на финансиските, студентските, полициските, воените и судските тајни структури на организацијата ФЕТО.

Јерликаја наведе оти е утврдено и дека осомничените вршеле пропаганда за организацијата преку своите платформи на социјалните медиуми, комуницирале со одговорните членови на организацијата преку телефонски говорници и ја користеле програмата за крипто комуникација на организацијата „Бајлок“.

„Ни по смртта на водачот на ФЕТО (Фетула Ѓулен) нема простор за олабавување во нашата борба против оваа предавничка, терористичка организација. Ќе се бориме додека не ја елиминираме оваа предавничка структура што се обидува да изврши државен удар против нашата национална волја. Им честитам на нашите државни обвинителства што ги координираа акциите и на нашите херојски полицајци што ги изведоа акциите“, порача Јерликаја.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација што ја предводеше Фетула Ѓулен, кој со години живееше во САД и чија екстрадиција Туркије претходно официјално ја побара од САД. Ѓулен почина минатиот месец.

Припадниците на оваа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење на испитите, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа со монтиран судски процес за наводна корупција да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч извршен од офицери што ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа што претставува опасност не само за Туркије туку и за секоја друга земја каде што е активна. Турските власти во повеќе наврати укажуваа на ова. За време на обидот за државен удар во Туркије загинаа 253 лица, а над 2.730 луѓе беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година

Следно

Повторно ја рушат Југославија

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop