Минатата власт го “потона” проектот со затворените базени – во тек е ревизија

November 17, 2024
1 min read

По завршувањето на ревизијата, ќе се крои судбината на штипските затворени базени, кои поранешната Агенција за млади и спорт, почна да ги гради уште во 2019 година. Дополнително, ревизија се прави и на големиот пливачки базен во Охрид, пренесува Алфа.

Според проценките на Министерството за спорт, само 20 до 30 отсто од градежните активности, се завршени

„Скоро сите базени се завршени околу 20 до 30 отсто. Можам да најавам дека ќе се направи комплетна ревизија, па после ќе донесуваме одлуки. Да направиме една линија, да видиме што е сработено, дали правилно е сработено, па потоа. Но, нешто што е започнато не можеме да го вратиме назад, ќе го завршиме! Меѓутоа мора да напоменам тоа ќе биде по завршувањето на ревизијата, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Темелите на штипскиот затворен базен, беа поставени во февруари 2020, со ветување дека наредната година ќе биде готов. Но, децата во градот се уште чекат на првите часови по пливање. Сега објектот е обраснат со трња и опколен со бодликава жица.

Минатата година локалната самоуправа, се понуди сама да го изгради и стопанисува, но тогашната централна власт го одби ваквиот предлог. Според министерот Ристовски, одржувањето на ваквов комплекс ќе биде оптоварување на локалните самоуправи, но потенцира дека се разгледуваат планови кои би го олесниле нивното функционирање и одржување.

„Овој тип на базен што беше проектиран е скапа работа и по некој пресметки нивното одржување месечно би чинело околу 3 милиони денари, што морам да напоменам дека за секоја општина би било сериозно оптеретување. Имаме некакви размислувања, но најпрвин да излезат ревизиите, па потоа ќе се размислув кој и како би стопанисувал со нив“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски

Проектот изградба на 14 типски базени помпезно беше најавен во 2019. Во првата фаза затворени базени покрај Штип, требаше да добијат Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош, Битола, Кичево, а во наредните две години со градба да се започне во Струмица и Кавадарци. Единствено завршени и ставени во функција се базените во Тетово и Струга, пренесува Алфа.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Балканот плаче: Убавата и млада спортистка е 15-та жртва во трагедијата во Србија

Следно

Кој ќе биде првиот човек на ФФМ? Сејдини поднесе оставка

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop