„Водовод“ Битола најавува 14 нови проекти во 2026 за зголемување на приходите и стабилизација на работењето

December 25, 2025
1 min read

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година планира реализација на повеќе од 14 проекти, со вкупна вредност од околу 65 милиони денари, со цел зголемување на приходите и постепено намалување на финансиската загуба.

Директорот на претпријатието, Андреј Гинов, информира дека 2024 година „Водовод“ ја завршил со загуба од 61 милион денари. Вкупните приходи изнесувале 284 милиони денари, додека расходите достигнале 346 милиони денари. Од наплата на вода од правни и физички лица биле остварени 262 милиони денари, а од останати активности околу 22 милиони денари.

Најголем дел од расходите, како што појаснува Гинов, се однесуваат на електричната енергија, сирова вода и платите. Само за електрична енергија биле потрошени 43 милиони денари, за сирова вода кон хидро-системот „Стрежево“ 50 милиони денари, а за плати 148 милиони денари. Со вклучен ДДВ, овие три ставки достигнуваат околу 280 милиони денари, што е речиси целокупниот приход на претпријатието, и покрај високата наплата на сметки од околу 95 проценти.

Гинов направи споредба и со претходните години, нагласувајќи дека во 2021 година „Водовод“ имал 227 вработени со трошок за плати од 107 милиони денари, додека во 2024 година со 205 вработени, трошокот за плати изнесувал 148 милиони денари. Во 2025 година, поради зголемувањето на минималната плата, овој трошок се искачил на 158 милиони денари. Според него, во периодот од 2019 до 2025 година, бруто-платите се зголемиле за 62 милиони денари.

Како главни причини за загубата се посочуваат високата цена на електричната енергија, зголемените трошоци за сирова вода од „Стрежево“, како и поскапувањето на репроматеријалите. За надминување на овие предизвици, во 2025 година, во соработка со Општина Битола, биле изградени над 7 километри нова водоводна мрежа, во вредност од 40 милиони денари.

Во насока на намалување на трошоците, „Водовод“ изработил проект за поставување фотоволтаици и аплицирал со проект поддржан од Швајцарската амбасада, за инсталација на соларни панели на објектите во стопанскиот двор, со што значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија.

Паралелно, подготвен е и проект за нов потисен цевковод, кој ќе овозможи зголемено испумпување вода од хидро-системот „Стрежево“ во летниот период. Со замената на постојниот цевковод Ф700 со нов Ф800, ќе се подобри притисокот на водата, ќе се намалат загубите и ќе се обезбеди стабилно водоснабдување на градот во наредните 50 години.

Минатата недела во Битола беше одржана и панел-дискусија посветена на подобрување на услугите што јавните претпријатија им ги нудат на граѓаните, на која беа отворени прашања за финансиската одржливост и ефикасноста на јавниот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Следно

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.
Go toTop