Костадиновски: Триесесет и три години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности

November 17, 2024
1 min read

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка по повод 33-годишнината од донесувањето на првиот Устав.

-Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република. Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт,  се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото, наведува Костадиновски, соопшти Уставен суд. 

Овој ден, 17 ноември, додава Костадиновски, нека биде потсетник на обврската на нашата генерација, на секој еден од нас да не ги изневери наследените надежи и да придонесува во градењето на правната држава, да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот. 

-Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот. Денеска, упатувам апел до секој еден од нас дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани, посочува Костадиновски. 

Денешниот ден, истакнува Костадиновски, нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани  слободата, демократијата и правната држава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас

Следно

Македонската репрезентација прва во Лига на Нациите

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop