Алејна го победи карциномот и стана адвокат на 23 години: „Никогаш не се откажувај!“

November 17, 2024
1 min read

АДАНА (АА)

– Суде ШАХИНЃОКЛУ

Алејна Диз, 23-годишна Турчинка од Адана, успеа да го победи карциномот од кој боледувала како тинејџерка, а потоа успешно го завршила образованието и го остварила својот сон да стане адвокат, известува Анадолу.

Пред осум години Диз отишла на лекар мислејќи дека станува збор за обична настинка, но при лекарскиот преглед било утврдено дека има малиген тумор на герминативните клетки во јајниците.

Малигните тумори на јајниците сочинуваат околу 5% од сите малигни тумори кај женската популација, но тие се четврта водечка причина за смрт кај жените. Целокупната инциденца на малигни тумори на јајниците се зголемува со возраста, така што половина од новодијагностицираните случаи се јавуваат кај жени постари од 65 години.

По две операции, младата Алејна била подложена на хемотерапија која траела околу година и половина.

Со голема храброст и елан за живот, оваа девојка ја победи опасната болест, а потоа успешно ги положи сите испити и се запиша на Правниот факултет на Универзитетот „Неџметин Ербакан“ во 2018 година.

По дипломирањето Алејна го остварила својот животен сон – прво го завршила стажот, се секнала со адвокатската лиценца и потоа отворила своја адвокатска канцеларија во централниот дел на турскиот град Адана.

– Многу предизвици и проблеми

Во интервју за агенцијата Анадолу, таа истакна дека се соочувала со многу проблеми и предизвици, но дека никогаш не ни помислила да се откаже од борбата за остварување на своите амбиции и животни цели.

Особено ѝ било тешко да се подготвува за приемните испити веднаш по завршувањето на лекувањето.

Таа напоменува дека отсекогаш сонувала да стане адвокатка, чесно и правично да ја извршува својата работа и на тој начин да придонесе за целата заедница и општество.

– Верба во животот

„Да станам адвокат беше мојот животен сон. За време на моето лекување од карцином, лекарите и медицинските сестри знаеја дека сакам да станам адвокат. Сега сум многу среќна откако мојот сон се оствари, што ми даде дополнителна сила и верба во животот”, рече младата адвокатка.

Алејна истакна дека сега сака дополнително да напредува во својата професија.

„Да се ​​биде адвокат е чест за некој кој преживеал карцином и се борел против опасна болест. Природата на адвокатура сама по себе е борба“, додаде таа.

Покрај адвокатурата, таа волонтира во Здружението за борба против детски карцином за да ги поддржи сите кои се борат против оваа тешка болест.

„Во деновите кога примате хемотерапија, времето навистина застанува, ви се причинува дека часовникот не отчукува. Сите оние луѓе кои боледуваат од оваа болест се приказна за себе. Сонцето на крајот повторно се раѓа и доаѓа денот за кој сте мислеле дека никогаш нема да дојде “, рече оваа храбра и упорна Турчинка која може да биде инспирација за многумина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со магнитуда од 6.2 степени ја потресе Јапонија

Следно

Вандализам во Капиштец: Малолетници обиле и управувале багер, оштетиле возило и кабли

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop