Стефковски со апел до ЈСП и Арсовска: Преземете сериозни активности во насока на обезбедување безбеден превоз за жителите на Скопје

November 16, 2024
1 min read

Утрово, автобус сопственост на ЈСП Скопје излетал од патот Раштак – Булачани. Согласно информациите кои ги имам за среќа нема повредени граѓани, бидејќи автобусот бил празен, вели во својата објава на фејсбук профилот градоналачникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје.

Барам спроведување на целосна истрага за денешниот немил настан и утврдување на причините за настанување на истиот.

Апелирам до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување Данела Арсовска да превземат сериозни активности во насока на обезбедување безбеден јавен превоз за жителите на Скопје.

Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!

Очекувам јавно објавување на причините за настанување на денешниот немил настан“, вели Стефковски во објавата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За четири часа полицијата приведе 12 дилери

Следно

Петрушевски: Колеги од опозицијата, најпрвин треба да ја наведнете главата, а потоа да ја кренете раката за поддршка на овој буџет

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop