ДЕВОЈЧИЊА ОД 11 И 14 ГОДИНИ МАЖЕНИ ЗА ВОЗРАСНИ: Податоци од Германија го алармираат општеството

October 13, 2026
1 min read

Во Германија
се откриени стотици случаи на детски бракови, а новите податоци покажуваат дека
девојчиња на возраст од само 11 години стапуваат во брак со возрасни мажи.
Според новите бројки, надлежните органи во германската покраина
Баден-Виртемберг регистрирале 358 бракови во кои е вклучено малолетно лице,
почнувајќи од април 2012 година. Сепак, браковите биле официјално поништени во
само осум од овие случаи.

Податоците
беа објавени откако локални политичари од екстремно десничарската партија
„Алтернатива за Германија“ (AfD) поднесоа пратеничко прашање до покраинската
влада.

Меѓу
најекстремните случаи е бракот склучен во 2020 година меѓу единаесетгодишно
девојче од Ирак и седумнаесетгодишно момче од Ирак. Не е познато кога или зошто
овој брак бил поништен.

Четринаесетгодишно
девојче од Авганистан стапило во брак со триесетгодишен маж од Авганистан во
2018 година. И во овој случај, останува нејасно кога или зошто бракот бил
поништен.

350
детски бракови од 2015 година

Од 2015
година се регистрирани вкупно 350 случаи на детски бракови. Многу од
малолетниците кои стапиле во такви заедници потекнуваат од земји како Сирија,
Ирак и Пакистан. Николаос Бутакоглу, еден од политичарите од AfD кои ги побараа
податоците, напиша на социјалната мрежа X дека „речиси 40 проценти од детските
бракови вклучувале сириски државјани, додека браковите меѓу две лица со
германско потекло сочинувале само 0,3 проценти“.

Покраинската
влада соопшти дека, и покрај стотиците регистрирани случаи на детски бракови,
во моментов не се водат правни постапки за поништување на ниту еден од нив.

Емели Кнол,
уште една политичарка од AfD која го покрена прашањето за детските бракови во
оваа германска покраина, напиша на Фејсбук дека „детските бракови се неспоиви
со нашите вредности“.

„Децата
имаат право на безбедност, образование и иднина за која самите можат да
одлучуваат. Затоа ни се потребни ефективна заштита, навремена реакција и
одлучна борба против присилните бракови“, изјави Кнол.

Суштинско
кршење на човековите права

Според
податоците од Баден-Виртемберг, огромното мнозинство малолетници кои стапуваат
во брак се девојчиња. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека речиси
една од пет жени во светот стапила во брак пред да наполни 18 години.

Ситуацијата
е најтешка во Западна и Централна Африка, каде што 32 отсто од жените стапиле
во брак пред да наполнат 18 години. Уште позагрижувачки е податокот дека една
од 25 жени во светот стапила во брак пред 15-тата година од животот.

УНИЦЕФ го
опишува детскиот брак како „суштинско кршење на човековите права“. На својата
веб-страница, оваа организација истакнува дека детскиот брак често го загрозува
развојот на девојчињата, бидејќи може да доведе до рана бременост и социјална
изолација, да го прекине нивното образование, да ги ограничи можностите за
кариера и професионален развој и да ги изложи на ризик од семејно насилство.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kërkohet angazhim më i madh diplomatik për ish-drejtuesit e UÇK-së

Следно

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop