Петрушевски: Колеги од опозицијата, најпрвин треба да ја наведнете главата, а потоа да ја кренете раката за поддршка на овој буџет

November 16, 2024
1 min read

„Буџетот за 2025 година е многу повеќе од финансиски документ. Тој е план за иднината на нашата држава. Со овој буџет, ние инвестираме во подобра иднина за сите граѓани, иднина во која секој ќе има шанса за успех и благосостојба. Овој буџет е резултат на темелно планирање и претставува наш стратешки одговор на економските и социјалните предизвици со кои се соочува Република Македонија. Но, пред да ги истакнам клучните елементи на овој предлог Буџет, дозволете ми да направам краток осврт на буџетските политики од претходните години, особено од времето на претходната влада“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната собраниска комисиска расправа по предлог буџетот за 2025 година.

Тој продолжи и додаде:

„Овие собраниски клупи од страна на опозицијата комплетно се пополнети од страна на поранешните министри и функционери на Владата на ДУИ и СДСМ. Ќе истакнам само дека нивните стотици амандмани на овој Буџет се уште еден еклатантен доказ дека изминатите 7 години ја имавме најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Замислете да потрошите над 30 милијарди евра пари на граѓаните во 7 буџети и денес да поднесувате амандмани за изградба на улички, канализации и водоводи е повеќе од лицемерно. Сакам јасно да истакнам дека за овие нивни амандмани Владата и премиерот Мицкоски обезбедија рекордни 250 милиони евра годишно и нивната реализација сега е во рацете на градоначалниците“, рече Петрушевски.

Тој истакна дека пратениците од опозицијата најпрвин треба да ја наведнат главата, а потоа да кренат рака за поддршка на овој буџет

„Во минатите 7 години, претходните буџети беа обременети со нереални прогнози и слабо планирање, што резултираше со неисполнување на целите, но и значителни финансиски дупки. За жал, сведоци бевме на неефикасно управување со јавните средства, голема корупција и криминал на власта, а најголем дел од капиталните инвестиции останаа само на хартија, со никаква имплементација и реализација“, вели Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Стефковски со апел до ЈСП и Арсовска: Преземете сериозни активности во насока на обезбедување безбеден превоз за жителите на Скопје

Следно

Во израелските напади на југот на Либан убиени се 2, а ранети се 4 лица од медицинскиот персонал

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop