Едномесечен притвор на поранешниот хрватски министер за здравство

November 16, 2024
1 min read

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб им изрече едномесечен притвор на поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош и на бизнисменот Саша Поздер, кои Ускок ги сомничи за корупција при набавка на болничка опрема.

Истрагата на Ускок го вклучи и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ и член на управата на поликлиниката во Загреб, Крешимир Ротим, кој ќе се брани од слобода со кауција. Според медиумите, тој го признал своето учество во договарањето на работата, па обвинителството не побарало да биде приведен.

По спроведување на независна истрага, Ускок ги сомничи Берош, Ротим и Поздер за злоупотреба на положбата и овластувањата, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски услуги и давање мито, сето тоа како дел од злосторничко здружување и во врска со правни лица поради сомнение за давање и примање поткуп како дел од злосторничко здружување.

Според Ускок, Берош, Ротим и Поздер се здружиле за да продаваат медицински помагала од австриски производител на државни болници.

Притоа, посочува Ускок, Берош го искористил овластувањето како министер за здравство и како човек директно надреден од директорите на државните болници побарал од директорите да се сретнат со Поздер и да се погрижат тој да добие работа. Покрај тоа, Берош се сомничи дека со пари од државниот буџет му плаќал на Поздер за медицински помагала, а тие средства не биле предвидени во годишните планови за набавка. Исто така, Ускок се сомнева дека Ротим по налог на Поздер го наместил тендерот за набавка на медицински помагала за КБЦ, за Сестрите на милосрдието, како и за други постапки за јавни набавки.

Вили Берош, кој веднаш по објавувањето на случајот беше разрешен од премиерот Андреј Пленковиќ, денеска при влегувањето во судот, пред новинарите кажа дека не се чувствува виновен за обвинувањата и оти ги смета за неосновани. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН инвестира 36 милиони денари, се надградува основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани

Следно

Во земјава има околу 130 илјади пациенти со дијабетес како и уште половина недијагностицирани

Latest from Blog

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави

ДЕВОЈЧИЊА ОД 11 И 14 ГОДИНИ МАЖЕНИ ЗА ВОЗРАСНИ: Податоци од Германија го алармираат општеството

Во Германија се откриени стотици случаи на детски бракови, а новите податоци покажуваат дека девојчиња на возраст од само 11 години стапуваат во брак со возрасни мажи. Според новите бројки, надлежните органи

Кога играат Атлетико и Јунајтед – домаќинот никогаш не победува, Ѓекереш ќе даде гол за Арсенал (Фото)

Најинтересните натпревари од вечерната програма во Лигата на шампионите се дел од Специјалната понуда на Sport Life, а може да се најдат стотици игри и комбинации со одлични квоти. Арсенал е голем

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат
Go toTop