Арсовска го разреши директорот на „Улици и патишта“, Умленски Вработени во ЈП, алармираа за неправилности

November 15, 2024
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на Улици и Патишта, Ванчо Умленски. Засега не се познати причините за неговото разрешување.

Умленски беше на функцијата пет месеци.

Арсовска, за време на мандатот, досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари, кои самата ги постави на тие функции.

Неодамна во јавноста се појави писмо (23, септември, 2024 го) на вработени во ЈП „Улици и патишта“ во кое пишува:

Неправилности нотирани на последната седница на Управниот одбор влезени во записник. Се работи за следново:
1. Работа на претпријатието – изградба на објекти во последните три месеци без договори во вредност од 60 милиони денари. Истите средства претпријатието не е во можност да ги фактурира на Град Скопје бидејќи нема договори. За изведба на работите налози се дадени од Арсовска и Глигоров со што е направена директна штета во износ од еден милион евр

2. Изведба на објект Луна Парк – патеки од бекатон во вредност од 15 милиони денари изведени во периодот од април до август 2024, а договорот е потпишан во септември на износ од 7 милиони денари. Врз инженерите и надзорите се врши притисок од страна на директорот и секретарот на Град Скопје за потпишување на градежните книги, иако тоа е надвор од законските прописи.
3. Задолжување на претпријатието кон добавувачи во износ од 240 милиони денари (4 милиони евра) и неплаќање на обврските кон добавувачите, односно постои селективно плаќање на обврските како во случајот со Пуцко Петрол. За споредба, долгот на ЈП Улици и патишта Скопје во октомври 2021, кога Арсовска стапува на функција градоначалник на Град Скопје, изнесувал 60 милиони денари. Од ова може да се заклучи дека долгот за три години е зголемен четири пати.

4. Побарувањата на ЈП Улици и патишта по основ на активни договори со Град Скопје денес изнесуваат НУЛА денари, додека во октомври 2021 побарувањата од Град Скопје биле 100 милиони денари.
5. Доведено е во прашање функционирањето на претпријатието преку неможноста да се исплати плата и неможноста да се набават репроматеријали (битумен, ризла, тампон, рабници, боја…). Поради неплаќање на обврските на Град Скопје кој ЈП Улици и патишта, освен набавката на репроматеријали, не постои можност ниту да се поправат дефектите на градежните машините. Во надеж дека веста ќе биде објавена пред седницата на Управниот одбор најавена за утре,

Вработени во ЈП Улици и патишта Скопје

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем

Следно

Земјотрес во Македонија, еве каде е епицентарот

Latest from Blog

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија
Go toTop