Битиќи: Буџетот е за луксузирање на власта, без пари за здравјето, за образованието, за стандардот на граѓаните

November 15, 2024
2 mins read

Предлог Буџетот за 2025 година не е план за економски развој, туку план за комфор на елитата на власта, има повеќе пари за мебел и возила а нема за граѓаните, за здравјето, за образованието, за стандардот. Наместо конкретни мерки за поддршка и финансиска помош за компаниите, имаме уште еден „лабораториски“ буџет без амбиција , а оваа власт продолжува да чекори во погрешен економски правец, рече пратеникот СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната Комисија за финансирање на буџетот.

– Во ситуација кога граѓаните едвај го покриваат крајот на месецот, кога чекаат со часови за здравствена нега, Владата одлучува дека „приоритет“ за наредната година ќе и биде и – купувањето на мебел. Додека болниците се распаѓаат, а училиштата имаат потреба од основни ресурси, оваа власт предвидува да потроши неверојатни 106.970.000 денари за нов мебел, што е речиси петпати повеќе од тоа што е потрошено годинава. Се поставува прашањето – за кого е овој мебел? За новите партиски административци кои се оддалечени од реалните потреби на граѓаните? Ова не е буџет за граѓаните, ова е буџет за комфорната зона на партиската бирократија! И не се застанува овде. Кога ќе видиме колку се планира да се потроши за нови возила, јасно е дека фокусот на Владата е удобноста на нејзините функционери. Со нови задолжувања се предвидуваат дополнителни 10 милиони денари, и уште милиони од донации за луксузни возила. Вкупно, над 7,5 милиони евра се предвидени за нови возила. Ова значи повеќе возила и мебел за владините функционери, а помалку пари за здравјето, образованието и квалитетот на живот на граѓаните“, рече Битиќи.

Наместо да се насочи кон создавање на одржливи можности за бизнисот, кој е основа на нашата економија, Владата одлучи да го затвори фискалниот простор што би можел да го поддржи приватниот сектор во времиња на економски предизвици.

Битиќи потенцираше дека доколку овој предлог буџет ја добие поддршката од мнозинството пратеници, тогаш тоа е одлука со која земјата ќе се запечати како единствена од регионот која е фискално неконсолидирана со дефицит над 3% од БДП. Оваа Влада нема намера за финансиска консолидација, па место тоа, го затвора фискалниот простор.

– Во овој буџет нема план за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонската индустрија, нема предвидени средства за технолошка модернизација и иновации. Ова не е буџет кој поддржува напредок, ова е буџет кој го стагнира македонското стопанство и ни го одзема правото на економски раст и развој. Недомаќинското однесување уште повеќе загрижува што се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%., рече Битиќи.

 Во однос на оптимистички планираниот раст на БДП од 3,7%, имаме неусогласеност со реалните економски текови, за кои, на пример Светската банка оценува дека ќе резултираат со раст од 2,5%, а Народната банка очекува 3,3% раст на БДП.

-Ова значи дека ќе имаме отстапување од она што Владата го скицирале како економски резултат кој треба да го испорача предлог буџетот. Имавме еден предизборно „надуван балон“, кој брзо ќе пукне и ќе остави само долгови и разочарувања. Ова е буџет без амбиција да создаде одржлива додадена вредност за македонската економија и загрижувачкото зголемување на буџетскиот дефицит до 4% од БДП, што Владата го избра како пат, неводејќи грижа дека со оваа буџетска дупка од 672,3 милиони евра ќе се создава товар кој ќе го сносат идните генерации, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стаменкоска Трајкоска: Заврши времето на нетранспарентна распределба на средства и донесување штетни политики, данокот нема да го плаќаат граѓаните

Следно

[Галерија] „Замисли нов свет“, претстава во подготовка што ги оживува делата на големиот Горан Стефановски

Latest from Blog

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и
Go toTop