Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

November 15, 2024
1 min read

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии. Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и  Законот за градење, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.

На овој начин помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски.  

„Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред се во закони што се поврзани со директното функционирање со општните и затоа и како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка. На средбата исто така разговараме и за проектот кој е тековен, а тоа се средствата кои Владата ги обезбеди во општините за капитални проекти и тоа преку 80 проценти се преку Министерството за транспорт. Најаувам за следната година дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти  за општините, а такви проекти ќе има и во годините што следуваат” – изјави министерот Николоски.  

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа иницијатива била произлезена од ЗЕЛС, а поддржана и реализирана во соработка со мнистерството.

„Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, со месеци чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални”-изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филмаџиите до Љутков: Корегирајте го буџетот за 2025 година, загрозено е филмското творештво

Следно

Новина во образованието: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности организирани во соработка со граѓанскиот сектор

Latest from Blog

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија
Go toTop