Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица

November 15, 2024
1 min read

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс.

Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица. 

– Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада.

Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица.
Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад.

Причината за пожарот се уште се истражува. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Тајсон на мерењето му удри шамар на јутјуберот Пол

Следно

По Германија, Холандија враќа граници: Му се гледа крајот на Шенгенот?

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја прикажува оставката како жртва, но станува збор за личен политички потег

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската
Go toTop