Трајкоска до Ковачевски: Вие воопшто не мислите за народот, мислите само за себе и за вашиот профит

February 16, 2023
1 min read

За вашите фирми има пари, ама кога станува збор за народот никогаш немате пари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниската дебата за разрешување на министри.

„Парите за реклама и себепромоција на функционерите треба да бидат за народот, а не да ги користат функционерите. И овде не треба да зборуваме за неколку министри, туку треба и за други. Зошто да не дебатираме за Оливер Спасовски и за други министри,“ посочи Трајкоска.

Премиерот Ковачевски, наместо да зборува за разрешување на членовите за Влада, рече пратеничката зборува само за себепромоција.

„Вас премиере само личното ви е во интересот. Постојано се обраќате во прво лице еднина и во вашиот говор зборувате само јас, па јас. Вие иако велите дека не се грижите за вашиот рејтинг, вие само тоа и го правите. И треба тоа да го правите бидејќи вашиот рејтинг е низок“, посочи Трајкоска.

Според неа мора да се направи разлика, помеѓу личното и заедничкото.

„Зарем мислевте на народот кога дозволувавте вашата сопруга да се богати. Зарем мислевте на народот кога дадовте 400 илјади евра за вашата омилена Рејтинг агенција. За вашата омилена агенција има пари за народот нема“, рече Трајкоска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видео од спасувањето на 17 годишното девојче по 248 часа

Следно

ПОЧНУВА 73. БЕРЛИНАЛЕ, 19 ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКА

Latest from Blog

Љутков се јави од Осака: Говорев за културната дипломатија, СДСМ го праша колку чини екскурзијата на луксузната делегација до Јапонија

Како што соопшти денеска Министерството за култура и туризам, со својот динамичен настап и автентична изведба на македонските народни ора и песни, „Танец“ оставил силен впечаток кај многубројната публика и уште еднаш

Израел блокираше француска делегација да влезе на Западниот Брег

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската администрација спречи делегација од Франција да влезе во окупираниот Западен Брег, известува Анадолу. Во писмено соопштение од палестинската општина Витлеем, се наведува дека Израел спречил делегација составена од

Јанкуловски: Убеден сум дека ќе успееме да реализираме 3,7% економски раст

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 изјави дека е оптимист за реализација на економскиот раст од 3,7% до крајот на годината. „Светската банка изненади со проекцијата, но минатата

Илјадници демонстранти и сообраќајни проблеми во Грција (ВИДЕО)

Илјадници луѓе протестираа во Атина во четвртокот за да го одбележат празникот на трудот 1 мај, пренесуваат медиумит, додека градскиот и поморскиот сообраќај беа нарушени поради штрајкот. Фериботите што ја поврзуваат копнена
Go toTop