Туркије и Катар потпишаа 8 стратешки договори во Анкара

November 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад aл Тани, денес беа потпишани осум договори меѓу двете земји, јавува Анадолу.

Двајцата лидери претседаваа со 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије – Катар во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

По средбата се одржа церемонија на потпишување. Потпишани се осум договори, и тоа:

– Договор за соработка во областа на хуманитарната помош помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Меморандум за разбирање за соработка во областа на документи и архиви помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Меморандум за разбирање за соработка во областа на медиумите и комуникациите меѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Програма за имплементација за годините 2025 и 2026 во областа на младите и спортот помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Договор за соработка во областа на меѓународниот патен превоз на патници и стоки помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Декларација за намери за олеснување на трговијата меѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;

– Договор за техничка соработка меѓу министерствата за одбрана;

– Договор за воена соработка меѓу министерствата за одбрана.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот катарски колега, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, исто така, ја потпишаа декларацијата за 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије – Катар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џамија во Германија собра симпатии откако понуди место за градинка оштетена во поплавите

Следно

По обидот за негово убиство: Раде Штекли објави фотографија

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop