Стразбур не се изјасни за помилувањата од Иванов, туку смета дека жалбите на таа основа биле преуранети

February 16, 2023
4 mins read

Една од главните пораки од одлуката е дека на националниот судски систем во Северна Македонија треба да му се даде шанса да решава за вакви жалби и да ги исправи сите евентуални прекршувања на Европската конвенција за човекови права

ЕСЧП / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Жалбите на обвинетите и осудените во случаите што ги отвори СЈО се недопуштени поради тоа што не се исцрпени сите домашни правни лекови, е веста што утрово одекна во С Македонија, а дојде од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

Од ЕСЧП веста ја објавија преку соопштение за медиумите, а паралелно јавно ја споделија и одлуката испишана на 35 страници, како и краткото правно резиме во кое заклучокот за апликациите е дека тие се:

„Недопуштени (неисцрпување на домашните правни лекови)“.

Дел од поранешните државни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои тогашниот претседател Ѓорге Иванов првично донесе одлука за помилување, а потоа ја повлече, ги поднесоа апликациите жалејќи се дека се прекршени два члена од Европската конвенција за заштита на човековите права: членот 5 кој се однесува на правото на слобода и безбедност и членот 6 кој се однесува на правото на правична судска постапка.

Тезата на обвинетите и осудените беше дека еднаш дадено помилување не може да биде повлечено.

Од објаснувањето што го објави Судот од Стразбур може да се заклучи дека ЕСЧП не се впуштил во толкување на тоа дали аболицијата, како и нејзиното повлекување, биле правно издржани или не.

Една од главните пораки од одлуката е дека на националниот судски систем во Северна Македонија треба да му се даде шанса да решава за вакви жалби и да ги исправи сите евентуални прекршувања на Европската конвенција за човекови права.

Ваквиот став Стразбур го наведува во делот каде што го изнесува својот став за тоа дали имало прекршување на членот 6 (правото на правична судска постапка).

„Владата тврдеше дека апликациите се преуранети бидејќи сè уште има апелациски постапки кои се во тек за овие случаи пред судовите во Северна Македонија. Првостепениот суд или ги прогласил за валидни поништувањата, како и обвиненијата против апликантите или, пак, не ги коментирал. Владата, повикувајќи се на одредби од Законот за кривична постапка (ЗКП), тврдеше дека второстепената жалбена постапка во Северна Македонија ќе им даде можност на апликантите да ги изнесат своите аргуметни во однос на помилувањата. Покрај тоа, ЗКП дозволува вонредно преиспитување на одлуките од страна на Врховниот суд, а Судот беше задоволен што таквото барање под одредени околности ќе биде ефективен правен лек во кој апликантите би можеле да се потпрат на помилувањата и доколку победат одделно да бараат финансиски надомест“,

пишува во објаснувањето од Стразбур.

Националниот судски систем, смета ЕСЧП, може директно да ја примени Европската конвенција за човекови права и затоа треба да му се даде шанса да решава по жалбите и да ги исправи евентуалните нејзини прекршувања.

Во одлуката на 35 страници судиите во Стразбур ги наведуваат аргументите на апликантите, како и одбраната на државата. Се дава и хронолошки осврт на сето она што се случувало во однос на предметите во кои се гонат апликантите, како и на помилувањата од Иванов, со сите измени и одлучувања (и на Уставниот суд) во врска со Законот за помилување.

Одлуката во Стразбур ја донесе совет од седум судии кои доаѓаат од седум различни земји: Арнфин Бардсен (Норвешка) кој бил претседател на советот; Полин Каскело (Финска); Тим Ајте (Обединето Кралство), Садет Јуксел (Турција); Лорејн Шамбри Орланд (Малта); Фредрик Кренц (Белгија) и Дијана Сарку (Молдавија).

Решението од ЕСЧП се однесува на шест апликации од осум лица, од кои првата ја поднесе поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, во ноември 2017 година. По тоа и случајот е заведен како „Талески и останатите против Северна Македонија“.

Останатите апликанти се: поранешниот премиер Никола Груевски; ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески; поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков; шефот на кабинетот на Мијалков – Тони Јакимовски и ексградоначалниците на Гази Баба (Северна Македонија) и Пустец (Албанија), Тони Трајковски и Едмонд Телемко.

На сите застапник им е адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на ексминистерката Гордана Јанкулоска.

Како тие беа помилувани, па „одмилувани“ од Иванов

Поранешниот претседател Иванов ја донесе одлуката за помилувања во април 2016 г. и таа се однесуваше на повеќе од 50 лица опфатени во случаите на СЈО, но и надвор од нив. Одлуката тогаш предизвика масовни демонстрации и негодувања во јавноста, но и полемика од стручната фела дали воопшто можел да додаде помилувања.

Тој аболицијата ја даде повикувајќи се на член 11 од Законот за помилување. Меѓутоа, она што беше спорно е дали тој член воопшто бил во сила во 2016 година кога беше дадена аболицијата или не. Зошто?

Членот 11 предвидува „претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилувања и без спроведување на постапката за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано“.

Членот е дел од Законот донесен во 1993 г. Меѓутоа, во 2009 година, кога Бранко Црвенковски како претседател на државата го помилува Зоран Заев, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласа законски измени со кои го избриша членот 11.

Но, во 2016 година – непосредно пред Иванов да одлучи да даде помилување, тогашниот состав на Уставниот суд ги укина измените на Законот од 2009 година. Она што го спореа дел од експертите во однос на аболицијата е дека претседателот, сепак, и покрај одлуката на Уставен не можел да го изврши помилувањето бидејќи тоа што се укинати законските измени од 2009 година не значи и дека е „оживеан“ и вратен во сила членот 11.

Поради бурните реакции, револтот и масовните протести што ги предизвика Иванов во април 2016 г., тогашниот парламентарен состав за да му овозможи основа да ги повлече помилувањата, кои и така беа оспорувани, донесе законски измени вметнувајќи член 11-а кој предвидуваше: „претседателот може во рок од 30 дена од денот на донесување на законот да го поништи помилување“.

РЕРАКЦИИ ЗА ОДЛУКАТА НА СТРАЗБУР:

Пендаровски за одлуката на Судот во Стразбур: Обвинетите и осомничените своите права треба да си ги остваруваат пред домашните институции

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во полза на државата, нашите аргументи се целосно уважени

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе излезе на виделина – Стразбур констатира само преуранетост на апликациите, не навлегува во нивната суштина

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Не се жени, туку јајчарки?

Следно

Ердоган во Анкара оствари средба со пакистанскиот премиер Шариф

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop