СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ пак креира буџет кој ќе донесе вистински развој на Македонија

November 14, 2024
1 min read

СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден. СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата.

Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%.

За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип.

Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.

СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци, стои во партиската реакција и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години.

Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.

ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.

СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена.

Народот гледа, ВМРО-ДПМНЕ е тука за граѓаните!, стои во партиската реакција“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Покрај начеканата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат

Следно

Составот на Кабинетот на Трамп: Кои се избрани досега?

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop