Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата

November 13, 2024
1 min read

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.

„Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.

Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.

„Што се случува околу нас, поготово во Украина, блискиот исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.

Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.

„Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација“, посочи Мисајловски

Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас.

Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.

„Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Весли Кларк стана почесен граѓанин на Чаир – го водеше НАТО бомбардирањето во 1999 година

Следно

Сѐ поголема негативност и екстремизам: „Гардијан“ се повлекува од социјалната мрежа Х

Latest from Blog

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот
Go toTop