Сѐ поголема негативност и екстремизам: „Гардијан“ се повлекува од социјалната мрежа Х

November 13, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британската медиумска куќа „Гардијан“ денеска соопшти дека ќе престане да објавува содржини на социјалната мрежа Х, која претходно беше позната како Твитер, јавува Анадолу.

Британскиот весник ја изрази својата загриженост за сѐ поголемата негативност и екстремизам присутни на платформата, за кои смета дека сега ги надминуваат предностите што платформата некогаш ги нудеше како алатка за споделување новинарска содржина и интеракција со публиката.

„Гардијан“ ја донесе одлуката во услови на зголемена контрола на социјалната мрежа Х, особено за време на неодамнешните претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД).

„Гардијан“ во образложението на својата одлука го наведе порастот на штетните содржини на мрежата Х, вклучително и екстремно десничарските теории на заговор и примери на расизам.

Британскиот весник понатаму наведува дека Х придонесува за токсична медиумска средина, со значително влијание врз политичкиот дискурс.

„Гардијан“ повеќе нема да ги користи своите официјални профили на X, но нагласи дека корисниците на платформата ќе можат и понатаму да ги споделуваат неговите написи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата

Следно

Легендарен НБА тренер имал мозочен удар

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е
Go toTop