Ердоган: „Туркије без сомнение даде најсилен одговор на злосторствата на Израел“

November 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије без сомнение дала најсилен одговор на злосторствата на Израел во Палестина, како што е прекинот на трговијата, јавува Анадолу.

Анкара ја прекина целата трговија со Израел во мај, наведувајќи ја хуманитарната трагедија во Газа, каде што Израел уби повеќе од 43.000 Палестинци од октомври минатата година.

„Сѐ додека продолжуваат испораките на оружје, Израел ќе биде поагресивен. Секој ден во кој Израел нема да биде запрен, ќе се влошува ситуацијата во Палестина и Либан“, изјави Ердоган за новинарите во претседателскиот авион на враќањето од посетите на Ријад и Баку.

Говорејќи за прашањето за можното помирување со Сирија, турскиот претседател рече дека Туркије „подала рака“ за нормализација на односите, изразувајќи уверување дека тоа ќе ја отвори вратата за мир и стабилност во Сирија.

Претседателот Ердоган изјави дека прекуграничните операции секогаш се опција за безбедноста на Туркије, изразувајќи подготвеност за започнување операции во секое време, доколку се почувствуваат загрозени.

Ердоган, исто така, истакна дека „заканата на Израел“, веднаш до Сирија, не е бајка, предупредувајќи дека огнот во околните области може брзо да се прошири во нестабилните земји.

Во врска со новата администрација во САД, Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе преземе различни чекори за регионот во периодот што следи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Играч на Тотенхем се соочува со сериозна казна

Следно

Авто Школа БЕКО ја слави нејзината прва годишнина со СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА за новите кандидати!

Latest from Blog

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим

Меџити: Албанците сакаат моќ што одлучува – таа сила е ВЛЕН

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Go toTop