Тензии во и протест пред албанскиот Парламент

February 16, 2023
1 min read

Речиси идентична ситуација во и пред албанскиот Парламент, како и во понеделникот, внатре тензична ситуација со блокирање на собраниската говорница од страна на пратеници приврзаници на Сали Бериша. Додека пред Парламентот има протест и обраќања преполни со обвинувања за премиерот Еди Рама, а беа фрлени и неколку димни бомби на одредена оддалеченост од полицискиот кордон.

Протестот по масовност е многу помал и не се регистрирани поголеми инциденти. Пред Парламентот се појави и маж облечен во национална албанска облека на бел коњ (како што бил на Скендербег) и се обиде да влезе во дворот на Парламентот, но беше сопрен од полицијата.

Бериша, кој е меѓу 12. демократски пратеници, негови приврзаници, исклучени по десет дена од работата на законодавниот дом, поради недолично однесување во собраниската сала, пред насобраните граѓани, обвини дека „Парламентот е бункер на забранетиот збор“, и порача дека „овој протест е револуција на секој Албанец“.

– Не протестирате за некои пратеници од ДП или за партијата, туку протестирате за секој Албанец, кој во својата свест ги има идеалите за слобода. Денеска сте тука за секој Албанец кој верува дека Парламентот треба да биде храм на демократијата, а не бункер на забранетиот збор. За сите Албанци кои слушаат за бескрајни афери и сакам да ја знаат вистината за кражбите. За сите оние Албанци кои ги одвојуваат децата од себе и ги испраќаат во туѓи земји. За оние Албанци кои сакаат да веруваат дека Албанците сакаат да ја направат Албанија. Зошто овој Парламент од храм на говорот се претвори во бункер на забранет говор. Ова е револуција на секој Албанец, рече меѓу другото Бериша.

На протестот се приклучи и поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета кој обвини за корупција, криминал, ниски плати, безнадежност на младите кои поради тоа ја напуштаат земјата.

– Затоа сите станете против овој бездушен режим. Слободниот говор ќе се слушне во собраниската сала, ќе се воспостави одговорност и правда, повеќе нема да биде во џебот на Еди Рама. Политичкиот плурализам не го менуваме за ништо, бидејќи тој е столбот, гаранцијата за заштита на правата на граѓаните во секоја држава. Сите стојат против овој бездушен и нехуман режим. Мимозите ќе процветаат, порача Мета.

Опозицијата предводена од Бериша најави протест и на 3 следниот месец, кога Апелација одлучува за тоа кој е наследник на логото, печатот и знамето на Демократската партија, крилото на Бериша или она на Енкелед Алибеај, кој е вршител на должноста претседател по оставката на претходниот лидер, Љуљзим Баша.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ангелевска: Суштината на се што се случува е дека власта нема стабилно мнозинство, ако некој требаше да се разрешува тоа е премиерот

Следно

Ердоган го прими Столтенберг во Анкара

Latest from Blog

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска
Go toTop