Жените на протест пред МВР: Не сме безбедни

February 16, 2023
1 min read

По нападите кои се случија врз жени низ Скопје, меѓу кои и последниот кој ја згрози јавноста бидејќи жена била претепана пред влез на зграда во Карпош, преку социјалните мрежи најавен е протест за во петок од 15.00 часот пред Министерството за внатрешни работи.

– Како загрижени граѓанки и граѓани, феминистки и феминисти, девојки и жени, ве повикуваме на протестен собир овој петок, 17 февруари, од 15.00 часот, пред Министерство за внатрешни работи. Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови: ниту на улиците, ниту во училниците, ниту во болниците, ниту во домот.
Ве повикуваме да го искажаме нашиот револт кон институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа.

Полициските службеници повторно се покажаа неспособни и недораснати кога станува збор за жртвите на родово базирано насилство. Последниот случај со пријава на сексуален напад, кој во медиумите стана познат како „дивиот таксист кој ѝ избега на полицијата” по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово засновано насилство. Овој случај е еден од многуте во кои видовме како системски и општествено се потфрла кога станува збор за безбедноста и благосостојбата на девојките и жените во земјата, пишува во најавата за протестот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије: Болничките соби полни со играчки за децата кои ги преживеаја земјотресите

Следно

Столтенберг: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО

Latest from Blog

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се два пожари, и исто толку се оод контрола, а изгаснати се 27 пожари.

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop