Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

November 11, 2024
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека треба да се спроведе минатогодишниот Договор за нормализација на односите со Србија и оти очекува „дополнително инсистирање“ од Европската комисија за потпишување на тој договор.

„Тоа е најновиот договор што го имаме и тоа е договор во кој јас учествував и го прифатив“, рече Курти одговарајќи на прашањето дали Вашингтонскиот договор би бил прифатлив за него, доколку новата американска администрација инсистира на негова имплементација.

„Да почнеме со најновиот договор, кој е сеопфатен, бидејќи ги нормализира односите меѓу Косово и Србија преку меѓусебно де факто признавање“, додаде Курти.

Минатата година Косово и Србија усно го прифатија Договорот за пат кон нормализација на односите во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија и нејзиниот анекс од Охрид.

Во 2020 година, тогашниот премиер на Косово, Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа договор во Белата куќа, главно за нормализација на економските односи меѓу Косово и Србија, а Курти подоцна остро го критикуваше како неуставен.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Службите на Трамп и на Путин за тоа, имало или не телефонски разговор

Следно

Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop