Мицкоски: Се додека сум премиер, проблемите ќе се решаваат

November 11, 2024
1 min read

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а е во државна сопственост. Не секогаш државата има алатки за да може тоа да го реши, но онаму каде што може бидете сигурни дека тоа ќе го направиме. Се додека сум јас премиер проблемите ќе се решаваат, порача денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

-Свесен сум дека за се она што се уништило овие три децении немаме магично стапче, ниту, пак, некогаш сум ветил дека имам магично стапче. Чуда се невозможни, ниту јас сум чудотворец, кога тоа би го зборел би лажел. Но, исто така би Ви кажал дека се што можам ќе направам, дел од овие работи што се уништени во овие три децении да ги коригираме, ќе ги коригираме и веќе ги коригираме, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Дел од тие објекти, како што кажа, се поврзани со многу испреплетени административни предизвици и ќе треба време да се решаваат нерешени имотно правни и должничко-доверителски односи.

-Меѓу нив, мој личен приоритет е Еурокомпозити. Лично работам и лично барам потенцијален инвеститор којшто би можел да ги иссервисира обврските кон поранешните вработени, да вложи и да почне производство на нешто кое што можеби на државата годишно ќе и носи од 250 до 300 милиони евра приходи. Лично е тоа мој приоритет и лично работам на тој проект. Се надевам наскоро дека ќе имаме добри вести. Проблемот е што ниту една банкарска институција не дава кредит за наменска индустрија, а денеска компаниите се борат да опстојат и затоа им е потребна банкарска поддршка. За жал, голем дел од банките денеска не сакаат да поддржуваат наменска индустрија, па ќе видиме, рече Мицкоски.

Во врска со кредитот за компаниите од унгарскиот заем истакна дека и дал насока на министерката за финансии викендов во недела во 12 часот во Министерството за финансии да организира состанок со банкарската асоцијација на кој ќе присуствува и тој.

-Ќе им кажам уште некои работи на состанокот, а дотогаш имаме уште неколку консултации. Суштината е дека ние кога го земавме кредитот заедно со банките работевме на случајот тие да не бараат дополнителни трошоци. Мислевме дека треба заеднички да го споделиме како ризик, бидејќи секогаш кога ќе ме прашаат како да помогнеме – еве како, еве начин како, вака се помага. Со муабети и тапкање по рамо не се помага. Ајде заедно со државата да го споделиме и овој ризик. Мислевме дека и тие треба да бидат општествено одговорни, бидејќи како влада ниту имаме братучеди, ниту имаме браќа коишто водат бизниси па да бараме меки кредитни линии од банкарите, ние ништо не бараме. Еве петти месец сме влада бараме за граѓаните затоа што на крајот на денот кога ќе ја помагате македонската економија вие ги помагате граѓаните. Ова е начинот да си помогнеме сите заедно, потенцира Мицкоски.

Сепак, додаде, и досега кога државата давала вакви меки кредитни линии секогаш безусловно ја прифаќала каматата и за тоа вкупно се потрошени околу 650 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Прва седница на Комисијата за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници

Следно

Германија го критикува Израел дека „не ги исполнува ветувањата“ за помошта во Газа

Latest from Blog

Почина кралицата мајка Сирикит на Тајланд, прогласена е едногодишна жалост

Тајландската кралица мајка Сирикит, која донесе гламур и елеганција во оживувањето на монархијата по Втората светска војна и која повремено се мешаше во политиката во подоцнежните години, почина на 93-годишна возраст, соопшти

Стрелецот да го ослободи умот од проблеми, Бикот да не се впушта во ризични потфати

ОВЕН Денеска обидете се да не предизвикате негативен став кај пријател, блиска личност или член на семејството. Обидете се отворено да разговарате за постојните проблеми, бидејќи само на овој начин ќе можете

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како

Македонското друштво „Илинден“-Тирана активно учествува на собирот на европските малцинства

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен

Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

фото: Real Madrid C.F. (X) Килијан Мбапе со нетрпение го очекува утрешниот дуел со Барселона во рамките на новото коло во Ла Лига. Тој зборуваше пред натпреварот против Каталонците за своите очекувања.
Go toTop