Јаневска: Подигнување на еколошката свест на учениците и енергетски ефикасни училишта и домови, за почист воздух

November 11, 2024
1 min read

Квалитетот на воздухот во просториите на градинките и училиштата влијае врз физичкото и менталното здравје на децата и младите, врз нивните когнитивни функции и продуктивноста, како и на ефективноста на професорите. Затоа сите реконструкции и нови градби кои ги одобрува Министерството за образование и наука, задолжително се енергетски ефикасни, со што се намалуваат емисиите на штетни гасови и се заштитува животната средина, рече ресорната министерка Весна Јаневска на панел-дискусија за подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење, што се одржа денеска во Скопје. На дискусијата и претходеше презентација на резултатите од истражувањето на квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

-Како држава во развој, се соочуваме со ограничени ресурси. Но, со добро планирани и применети мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот и со вклучување на сите засегнати страни – локалните самоуправи, училиштата, родителите, учениците и општествено одговорните компании, можеме да постигнеме добри резултати, посочи министерката.

Капиталните инвестиции во 36 училишта што се во тек како и проектот за реконструкција на сите студентските домови во современи и енергетски ефикасни објекти, се дел од активностите кои ќе резултираат со подобар квалитет на воздухот. Во моментов градежни активности се одвиваат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои ќе добијат нови фасади, фотоволтаици и екосистеми за греење. За овие проактивните мерки за почист воздух во Буџетот за 2025 за Образование се алоцирани посебни финансиски средства.

-Она на што посебно ќе посветиме внимание е подигнување на еколошката свест на децата и младите, преку наставни и воннаставни активности. Едукацијата за загадувањето и за влијанието на нашите постапки врз човековата околина и квалитетот на воздухот, од рана возраст, гради одговорни граѓани, кои доживотно ќе се грижат за почиста животната средина, рече министерката Јаневска.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судискиот комитет ја објасни контроверзната одлука да се поништи голот на Левандовски

Следно

Дрога, ножеви и боксирач – За што се беа уапсени пет млади викендов

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop