Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

November 11, 2024
1 min read

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон своите вработени и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој.

„Процесот на модернизација тече согласно сите планови. Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност“, рече Мисајловски. Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.

Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“.

Сето тоа е реалност, рече Мисајловски, затоа што буџетот е стабилен и е во нагорна линија. Најави дека и во 2025 година одбранбениот буџет ќе расте, односно да изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ. Тоа, истакна министерот, значи реализација на сите зацртани планови за развој.

Во однос на реформата на системот за заштита и спасување, министерот Мисајловски порача дека одбраната е подготвена да даде целосна поддршка во овие реформи зашто „не постои позначајно нешто од сигурноста на нашите граѓани“.

„Граѓаните од нас очекуваат ефикасен, брз, добро подготвен интегриран систем за заштита и спасување и управување со кризи. Впрочем, огнените стихии со кои се соочивме изминатото лето беа доволен доказ дека нешто мораме да менуваме и тоа сега и веднаш. Да ги детектираме слабостите на системот и заеднички…да покажеме дека знаеме да ги ставиме потребите на секој еден граѓанин на прво место“, потенцираше министерот.

Научно стручната трибина е организиран од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со значително искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем. Говорници на трибината беа еминентни професори и експерти во безбедносната сфера.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

Следно

Во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop