МЕПСО ги прекинува сите видови донации и спонзорства

November 10, 2024
1 min read

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од страна на Генералниот директор доц.др. Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена.

На ваков чекор Управниот Одбор се одлучи по анализата на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство. Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари.

За новиот менаџерски тим единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зајкова добива закани – вели нападите нема да ја предомислат, ЛДП останува доследна на своите програмски принципи!

Следно

Русија: Соборени 34 украински беспилотни летала кои летаа кон Москва

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop