Во израелските напади во Газа убиени се уште 51 Палестинец, билансот надмина 43.600

November 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 51 Палестинец е убиен во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број достигна 43.603, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во нападите кои започнаа на 7 октомври минатата година, повредени се најмалку 102.929 Палестинци.

„Израелските сили убија 51 лице, а повредија 164 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на војната.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Мисајловски положи свежо цвеќе на британските воени гробишта

Следно

Гути го повика Реал да го врати 38-годишниот Рамос поради повреди на дефанзивците

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop