13 деца меѓу 38 Палестинци убиени во најновите израелски напади во Северна Газа

November 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 39 Палестинци, меѓу кои 13 деца, се убиени во новите израелски воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа денес, јавува Анадолу.

Израелски воени авиони бомбардираа населена куќа во Џабалија, најголемиот од бегалските кампови во Газа, при што загинаа најмалку 32 лица, меѓу кои 13 деца, изјавија медицински извори.

„Десетици луѓе се повредени, додека неколку лица се исчезнати“, додадоа изворите.

Сведоците рекоа дека повеќекатниот објект, во кој биле сместени и неговите станари и раселени семејства, бил уништен во нападот, а многумина сè уште се заробени под урнатините.

Уште пет лица загинаа во друг израелски напад врз куќа во населбата Сабра во градот Газа, изјави друг извор.

Еден Палестинец го загуби животот во друг израелски напад во бегалскиот камп Џабалија, изјавија истите извори.

Израелската армија продолжи со смртоносниот напад во северниот дел на Газа од 5 октомври за наводно да го спречи Хамас да се прегрупира при задушувачка опсада на областа. Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш, израелската армија не дозволува влез на хуманитарна помош, храна, лекови и гориво, да влезе во областа, оставајќи го најголемиот дел од населението таму на работ на неизбежен глад.

Израел продолжи со разорната офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. Во нападите убиени се над 43.500 Палестинци, а енклавата е направена непогодна за живеење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните, поставени се темелите на нова економска трансформација на државата се инвестира во секоја област, се реконструираат нови патни правци и инвестира во општините

Следно

Премиерно беше прикажан документарниот филм „3 титули“ посветен на Игор Стефановски-Иџе

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop